• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Болка
Медикаментозна аналгетска терапија PDF Печати
Понеделник, 30 Јуни 2008 13:56
Медикаментозна аналгетска терапија:
  • Неопиоидни аналгетици
    Неопиодините аналгетици се користат во лекувањето на послаби болки. Кај повеќето онколошки болни овие лекови, дадени самостојно, обично не се доволни за ублажување на болката. Ако со нивната примена во високи дози, во период од 24 до 48 часа, не се постигне ублажувње или отклонување на болката, потребно е тие или да се дадат во комбинација со лековите за вториот степен на болка (опиоиди) или да се премине само на давање на лековите за вториот степен на болка.
    » прочитај повеќе »
     
  • Опиоидни аналгетици
    Болката настанува на нервните завршетоци во ноциорецепторите. Опиоидните аналгетици (за разлика од НСАИЛ и аналгопиретиците) го блокираат спроведувањето на импулсите на болка од периферијата кон мозокот, Во опиоидни аналгетици спаѓа, пред се, морфинот, но исто така и повеќето деривати на морфинот (кодеин и други) и синтетските соединенија (петидин, пеназоцин, трамадол, метадон), кои имаат ист механизам на делување.
    » прочитај повеќе »
     
  • Адјувантни лекови
    Адјувантните аналгетици се лекови, чија примарна индикација не е лекување на болката, но кои делуваат аналгетски во некои клинички болни состојби. Адјубантните аналгетици се употребуваат како аналгетици, но ефикасни се и за примарно лекување на психолошките проблеми кои се јавуваат при постоењето на хроничната болка.
    » прочитај повеќе »
     
 

Електронски Весник


Погледај како изгледа!

За да бидеш во тек со сето она што се случува на порталот, пријави се за да го добиваш бесплатниот електронски весник. Тој излегува еднаш месечно...