• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Трансректален ултразвучен преглед на простата (ТРУП) Печати

Трансректален ултразвучен преглед на простатата се прави кога постои сомневање за присуство на рак на простатата. Тој се изведува со внесување на специјална сонда преку чмарот на пациентот.

Ехотомографскиот преглед (ултразвук) користи звуци со висока фрекфенција, кои преку сонда се насочуваат кон простатата. Преку истата сонда се регистрираат одбиените зрачни бранови и врз основа на разликата од влезниот сноп на ултразвучните зраци и одбиените зраци се добива слика за внатрешните органи и структури на телото. Таа слика се гледа на монитор.

Со ехотомографскиот преглед може точно да се одредат: големината, обликот на простатата, а може да се видат и одредени абнормалности во нејзината конзистенција. Со трансректалниот ултразвучен преглед на простатата, искусниот лекар може со голема сигурност да утврди дали станува збор за бенигна или малигна промена. Но, дефинитивната дијагноза на промената ја дава патологот, врз основа на наодите од биопсијата.

Оваа дијагностичка процедува е безболна и се изведува во амбулантски услови.

Доколку при трансректалниот ултразвучен преглед се видат сомнителни промени во простатичната жлезда, се прави и биопсија од сомнителната промена. Тоа значи дека со специјална игла се зема примерок од промената и се носи на патохистолошка анализа. дефинитивната дијагноза на ракот на простатаат се поставува само со оваа микроскопска анализа.