Анестезиолошки и хируршки третмани за лекување на болка |
![]() |
Улогата на анестезиологот во мултидисциплинарното лекување на канцерската болкаМултидисциплинарниот пристап на терапијата на канцерската болка го подржуваат бројни клинички студии. Искусниот анестезиолог, со своето знаење, е дел од овој мултидисциплинарен пристап. Неговата улога е да ги применува и интегрира инвазивните анестезиолошки пристапи, со неинвазивните пристапи во терапијата на канцерската болка. Анестезиолошкиот пристап на лекување мора да биде ускладен со другите тераписки постапки и со работата на другите членови од тимот. Користејќи ги техниките на регионална анестезија и неуролитичките блокови, во комбинација со фармакотераписките пристапи, со примена на прецизни имплантабилни пумпи, волуметриски пумпи и перфузори, анестезиологот е во можност да ја ефикасно намали и отстрани канцерската болка. |