| Психолошката терапија во третманот на болката |
|
|
|
Болката нормално предизвикува лутина, тага, безнадежност, страв, депресија, особено хронична болка. Болката може да ја измени личноста, да го поремети спиењето, да ги намали работните способности како и да ги наруши релациите на болниот со неговите најблиски. Но, тоа не мора да се случи. Психолошкиот третман претставува безбеден метод, без употреба на лекови, за третман на болката преку намалување на високото ниво на стрес кој ја следи болката, полесно прифаќање на третманот и поголем ангажман, особено за физикална терапија, како и нормализирањe на другите проблеми кои произлегуваат од болка. Голем дел од третманот е едукација и најчести психолошки третмани се:
Психолошкиот третман се применува во случај на интензивна и хронична болка која не се намалува со медикаментозен и хируршки третман. Пристапот на болка кај овие пациенти е секогаш мултидисциплинарен, т.е. вклучува тим од специјалисти од повеќе области. |