• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Газираните напитоци можат да доведат до сериозен недостаток на калиум во крвта Печати

Француските лекари сметаат дека секојдневното консумирање на газирани сокови може да доведе до хипокалиемија, односно до намалување на нивото на калиумот во крвта. Хипокалиемијата може да предизвика проблеми во работата на срцето и парализа.

Со преглед на клиничките случаи било утврдено дека внесувањето на поголема количина газирани напитоци, кои содржат многу шеќер и кофеин, може да предизвика драстичен пад на концентрацијата на калиумот во крвта, односно да предизвика состојба позната под името хипокалиемија.

Лекарите укажуваат дека и мали промени во концентрацијата на калиумот во крвта можат да предизвикаат серизни пореметувања во работата на кардиоваскуларниот и невромускулниот систем.

Типични симптоми на хипокалиемијата се: намалена снага на мускулите, грчеви, треска и мачнина. Во екстремни случаи, недостатокот на калиумот во крвта може да предизвикаат проблеми во работата на срцето и парализа.

Во студијата биле испитувани пациенти кои дневно пиеле од 2 до 9 литри газирани напитоци, вклучувајќи и две трудници кои биле примени на болничко лекување поради сериозно ниско ниво на калиум во крвта.

Двете трудници многу брзо и целосно оздравиле, затоа што престанале да пијат газирани сокови и земале калиум во вид на таблети или во вид на интравенска инфузија, се наведува во студијата која е објавена во Меѓународниот часопис за клиничка пракса.