• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Новости од областа на канцерот
Неротките и староротките имаат поголем ризик за развој на агресивен рак на дојка

Жените кои не раѓале (неротки) и оние кои имале прв пород во доцните години од животот (староротки) имаат сигнификантно повисок ризик за развој на агресивен рак на дојка, изјавиле шведските научници.

„Откривме дека жените кои не раѓале и оние кои доцна го родиле своето прво дете имаат статистички сигнификантно висок ризик за развој на градус III и HER2 позитивен рак на дојка“, изјавила Dr. Salma Butt, од Универзитетската болница Малме во Шведска.

„Понатаму, нашата студија покажа дека жените кои доцна го родиле своето прво дете имаат поголем ризик за развој на лобуларен тип на тумор, на градус III тумори, со висока експресија на cyclin D1, (и) ниска експресија на p27“, додале истражувачите.

За нивните анализи, авторите ги користеле податоците од 17.035 жени (1991-1996 год).

Вкупно 622 случаи на рак на дојка биле оценувани за инвазивноста на туморот, големината на туморот, аксиларниот лимфен статус, туморската пролиферација (Ki67), хормон - рецептор статус, HER 2, cyclin D1, и p27.

Неротките почесто имале големи тумори(> 20 mm), високи нивои на Ki67 и cyclin D1, градус III тумори и HER2 позитивни тумори.

Наодите од оваа студија биле објавени во октомвриското издание на часописот „International Journal of Cancer“.

 

Најчитани наслови