• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Малигномите на дигестивниот систем се во пораст Печати

Малигните болести на системот за варење во последниве години се повеќе ја привлекуваат медицинската јавност. Според светските статистики може слободно да се говори за епидемија на малигни заболувања. Голем број фактори придонесуваат за појавата на малигните болести.

Како еден од факторите, на кој му се придава голема важност во последно време, е стресот. Научниците сметаат дека стресот е еден од најголемите причинители за многу болести на модерното време, дури и за малигните. Стресот го намалува природниот имунитет на организмот, а со тоа се зголемува и можноста за појава на потенцијални малигни клетки, кои можат да доведат до развој на рак.

Друг фактор е начинот на живеење и начинот на исхрана. Само природната здрава храна може да придонесе за одржување на здравјето на организмот. Денес, за жал, и покрај многуте препораки за здрава исхрана, голем број на луѓе нездраво се хранат. Во денешно време многу често се консумира конзервирана храна. Таа е богата со нитрати. Месните производи, кои содржат висока концентрација на конзерванси, пушеното и саламуреното месо се, исто така, штетни за здравјето. Се смета дека прекумерното консумирање на храна богата со нитрати е еден од тригер-факторите за развој на рак на органите на системот за варење (рак на хранопроводник, на желудник, на панкреас, на црева).

Препорака на лекарите е да избегнуваме премногу да ја солиме храната или да не консумираме намирници кои во себе содржат премногу сол, димено месо, идустриски преработена конзервирана храна, чипс и разни солени грицки. Наместо тоа, треба да се внесува повеќе овошје и зеленчук, кои содржат бројни антиоксиданси кои се борат против слободние радикали во организмот.

Продолжувањето на човечкиот век е, исто така, едно од причините за зголемената појава на малигните болести. Порано возраст од 70 години се сметала за длабока старост, а и овие болести биле карактеристични за понапреднатата возраст. Последиците од современото живеење направија малигните заболувања да почнат да се јавуваат и кај помладите, но и да болеста брзо да се развива. Денес аерозагаденоста е многу поголема од порано, секако не можеме да ја избегнеме и поголемата радиоактивност, која се јавува како последица на војните.