• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Новости од областа на канцерот
Поврзаноста на хламидијата со развојот на ракот на грлото на матката

Гениталните инфекции предизвикани од Chlamydia trachomatis претставуваат голем и важен јавноздравствен проблем. Проценките на Светската здравствена организација (СЗО) говорат дека годишно во светот се откриваат околу 50 милиони нови случаи на заболени од инфекција со Chlamydia trachomatis.

Хламидијата е водечки причинител за гнојното воспаление на грлото на матката, за карличната воспалителна болест. Хламидијата е причина за неплодноста и вонматеричната бременост.

Ракот на грлото на матката е еден од најчестите карциноми кај жените. Епидемиолошките студии покажуваат дека раниот почеток на сексуалната активност претставува еден од факторите на ризик за настанување на ракот на грлото на матката. Подтиповите на хуманиот папилома вирус (ХПВ) се наоѓаат скоро во секој новооткриен случај на рак на грло на матка.

Многу студии покажале дека прележувањето на инфекцијата со ХПВ вирусот е директно поврзана со подоцнешниот развој на ракот на грлото на матката. Бидејќи и инфекцијата со хламидијата, исто така, се пренесува по сексуален пат, се наметнува прашањето за поврзаноста на хламидијата и ракот на грлото на матката.

Неодамнешните сероепидемиолошки студии ја докажале оваа поврзаност, дури и ако се исклучи влијанието на пушењето и присутноста на серумските антитела против подтиповите на ХПВ вирусот.

Хламидијата е специфично врзана со развојот на карциномот на плочестиот епител на грлото на матката, но не и со развојот на аденокарциномот на грлото на матката. Меѓу серотиповите на хламидијата, серотипот G е најчесто поврзан со развојот на планоцелуларниот карцином на грлото на матката, додека присутноста на серумското IgG антитело на повеќе серотипови, дополнително го зголемува ризикот за малигна трансформација.

Поврзаноста на хламидијата со ракот на грлото на матката е неочекувано откритие.

Имено, добро е познато дека таргет на хламидијата се ендоцервикалните жлездени клетки и дека жените со ектопија на слузницата на грлото на матката се склони кон оваа инфекција.

 

Најчитани наслови