• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Што е кинезитерапија? Печати

Кинезитерапијата (од грчкиот збор кинеин – се движиме, кинесис – движење) е дел од физикалната терапија која се занимава со примена на движења во лечењето, а со цел да се воспостави оптимално функционирање на делови на организмот, и организмот во целина.

Кинезитерапија како дел од физикалната терапија претставува еден од најважните аспекти на медицинската рехабилитација. Таа се занимава со примена на систематизирани движења на поедини делови на телото или целото тело со вежби за воспоставување, развивање и замена на функциите на локомоторниот апарат, како и органите и системите кои се во функционална врска со локомоцијата.

Целта на кинезитерапијата е максимално искористување на сите потенцијали на третираниот пациент со посебен акцент на оптимално можно закрепнување на оштетените функции на системот за движење (коските и мускулите).

Кинезитерапија опфаќа активни и пасивни вежби.

Кинезитерапијата се применува во готово сите медицински специјалности кај бројни патолошки болести, но и превентивно. Апсолутни контраиндикации практично нема, а релативни контраиндикации се малобројни.