• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Новости од областа на канцерот
Вирус против клетките на ракот?

Иако вирусите најчесто се поврзуваат со болестите, новата студија упатува на фактот дека еден вирус покажува способност да се бори против клетките на ракот. Ова би можело во иднина да се искористи за лекување на метастазите на некои видови на малигни тумори.

Во часописот Journal of the National Cancer institute, научниците објавиле дека вирусот наречен „Seneca Valley Virus-001“ се покажал ефикасен во уништувањето на раковите клетки од белодробниот карцином, на педијатриските тумори и на туморите на окото, кај лабораториските глувци.

„На животински модели докажавме потполно искоренување на ракот на белите дробови“ , изјавил Dr. Paul Hallenbeck, главен автор на студијата.

„Ова е нов ветувачки, но сепак стар пристап, за оваа сериозна болест“, додава Dr. Hallenbeck, потсетувајќи на фактот дека влијанието на вирусот врз ракот е забележан уште пред 100 години.

Сепак, истражувачите велат дека треба да бидеме многу внимателни во интерпретацијата на спомнативе научни докази. Овие почетни резултати се охрабрувачки и бараат понатамошни истражувања. Ова е сеуште многу рана фаза на истражување, која е спроведена на животински клетки, изјавила Dr. Jay Brooks, председател на хематологијата и онкологијата во Ochsner Health System, додавајќи дека сеуште остануваат отворени и неодговорени многу важни прашања.

 

Најчитани наслови