• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Еластографија – нова попрецизна метода за откривање на почетниот меланом Печати

Високофрекфентниот ултразвук со еластографија може да помогне при разликувањето на бенигните од малигните тумори на кожата (меланом), тврдат научниците, кои резултатите од своето истражување ги презентирале на годинешниот конгрес на американските радиолози.

Сомнителните бемки и промени на кожата мораат да се биопсираат за да се постави точна дијагноза, односно за да се потврди присуството на рак на кожа, бидејќи дури ниту најискусните дерматолози неможат со сигурност да кажат дали се работи за бенигна или малигна промена само со преглед, односно со голо око.

„Дерматолозите прават биопсија на било која сомнителна промена на кожата. Како последица на тоа, многу бенигни промени без потреба се биопсираат, за да се избегне ризикот од превидување на смртоносниот рак на кожата – меланомот“, вели Dr. Bahar Dasgeb, еден од авторите на истражувањето.

Еластографијата не ги разликува бенигните и малигните бемки врз база на изгледот, туку со мерење на нивната еластичност и цврстина (крутост). Малигните тумори се поцврсти и помалку еластични. Прегледот на кожата со високофрекфентен ултразвук и еластографија може со поголема прецизност да ја утврди вистинската дијагноза, отколку со традиционалните клинички методи, па лицата можат, во повеќето случаи, да ја прескокнат постапката на земање на биопсија. Овој тест е брз, неинвазивен и безболен.

Секоја година околу еден милион Американци заболуваат од рак на кожа, тврдат научниците од американското здружение за рак. Меланомот е најопасен вид на кожен карцином и е одговорен за околу 69.000 дијагнози и 11.600 смртни случаи во 2009-тата година во САД, и покрај фактот што меланомот може да се излечи, доколку се открие во почетниот стадиум.

Според последните податоци, околу 56% кожни тумори се откриваат во тек на дерматолошки преглед на целото тело. Многу мал број на меланоми се откриваат од страна на самите пациенти. Кога туморот го открива дерматолог, успешноста од лекувањето е поголема, бидејќи обично се работи за рана фаза на болеста. Доколку туморот го открие пациентот, поголеми се шансите да се работи за напреднат стадиум на болеста.