• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Новости од областа на канцерот
Напредок во реконструкцијата на оперираната дојка

Група австралиски научници објавила дека развила револуционерна техника која ќе им овозможи на жените, на кои им е направена мастектомија, да им се дојката повторно „пополни“.

Експериментот, како што изјавил шефот на Институтот за микрохирургија во Мелбурн, Dr. Filip Marcela, успеал на повеќе модели на животни. Научниците го оцениле ова како доволна причина да се, во наредните 6 месеци, започне и со тестирање на жени.

Австралиските научници развиле имплант кој ќе може да овозможи реконструкција на дојката благодарение на клетките на масното ткиво, земени од самите пациентки. Се работи за специјална „комора“, која наликува на корпата на женското прслуче, која е наполнета со „лажичка“ масно ткиво од пациентката, а се вградува под кожата на нејзините гради.

По вградувањето на имплантот, масното ткиво, хрането со крвта, се развива на потполно нормален начин за пациентката, истакнал Dr. Marcela, водач на проектот, за кој австралијанската влада издвоила 3 милиони австралиски долари (1,86 милиони евра). Имплантатот потоа хируршки се вади, а останува повторно „израстената“ дојка. Целиот процес би требало да трае од 6 до 8 месеци.

Австралиските стручњаци сега работат на биоразградлива „комора“, која ќе се „раствори“ во телото на пациентката, што ќе ја исклучи операцијата на вадење на имплантатот. Се очекува оваа биоразградива „комора“ да биде готова во наредните 2 години.

 

Најчитани наслови