| Што е Капоши сарком? |
|
|
|
Капоши саркомот е малиген тумор кој настанува како последица на малигна трансформација на клетките, кои ги формираат крвните садови. Најчесто се развива во кожата или слузницата на устата, носот и анусот. Капоши саркомот може да ги зафати и внатрешните органи, особено лимфните јазли, белите дробови и органите на системот на варење. Иако Капоши саркомот најчесто се развива на кожата, тој може истовремено да се развие и на повеќе делови на телото. Епидемиската форма на Капоши саркомот (форма поврзана со СИДА-та) се јавува кај 15 до 20% од пациентите со СИДА. Оваа форма на сарком често ги зафаќа и кожата и внатрешните органи. Како што напредува сидата, имунолошкиот систем слабее, а ризикот за настанување на Капоши саркомот се зголемува. Што го предизвикува Капоши саркомот?Капоши саркомот, кој е поврзан со СИДА-та, може да се јави како последица на ослабениот имунитет и на изложеноста на одредени вируси, како на пример изложеност на еден од типовите на херпес вирусите, хуманиот херпес вирус 8 (HHV-8). Бидејќи Капоши саркомот почесто се јавува кај лица, кои ХИВ вирусот го добиле преку полов однос, за разлика од лицата заразени со контаминирана крв или игли, се заклучува дека хуманиот херпес вирус 8 е сексуално пренослив вирус.
Симптоми и знаци на Капоши саркомотПрви знаци на Капоши саркомот најчесто се безболни кожни промени или израстоци, во форма на плоснати или издигнати лезии, кои не чешаат. На бледата кожа промените се црвенкасти или розевкасти, а на темната кожа се кафени или црни. Можат да личат на модрици, но кога ќе се притиснат тие не избледуваат. Промените најчесто се јавуваат на лицето, екстремитетите и во устата, иако може да биде зафатен било кој дел на кожата, не предизвикувајќи при тоа никакви проблеми, освен естетски. Кај некои лица туморот се развива споро, додека пак кај други, нови промени може да се јавуваат секоја седмица. Како што се создаваат сè повеќе лезии, тие меѓусебно се спојуваат и со тек на време се создава голем тумор. Симптомите на Капоши саркомот на внатрешните органи зависат од локализацијата на туморот:
Како се дијагностицира Капоши саркомот?Ако постојат симптоми на Капоши саркомот, лекарот ќе ја прегледа целата површина на кожата и лимфните јазли. Неоходно е да се направи и лабораториска анализа на крвта. За да се постави дефинитивна дијагноза на Капоши саркомот потребна е биопсија на лезијата. Биопсија: Лекарот под локална анестезија зема мало парче од лезијата за микроскопски преглед. Ако биопсијата го потврди присуството на Капоши саркомот, следат дополнителни тестови со кои се проценува проширеноста на болеста во другите делови на телото. Дополнителни тестови се:
Како се лекува Капоши саркомот?Терапијата на Капоши саркомот зависи од здравствената состојба на пациентот, од локализацијата и развојот на туморот. Важно е да со лекувањето не се дополнително ослаби и така слабиот имунолошки систем. Лекувањето може да се спроведе со еден од следниве третмани:
Многуте несакани ефекти од хемотерапијата и радиотерапијата целосно исчезнуваат по завршувањето на терапијата.
Раниот стадиум на Капоши саркомот или тумор кој споро се развива и вклучува само една или мал број на кожни лезии, не бара секогаш и лекување. Но, доколку лезиите му пречат на болниот или се многубројни, може да се спроведе терапија. Каков е резултатот од лекувањето?Капоши саркомот, кој е поврзан со СИДА-та, може да биде смртоносен. Во тој случај најважно е лекување на ХИВ инфекцијата со антиретровирусна терапија. Лекувањето на кожните промени, без лекување и на ХИВ инфекцијата, може да доведе до подобруавње, но тоа не значи и сигурно подобри шанси за преживување. Исто така, туморот може повторно да се јави, па дури и ако лекувањето било успешно. Кожните лезии од Капоши саркомот не се опасни по живот, но туморите во другите делови на телото можат да предизвикаат сериозни проблеми: внатрешно крварење во дигестивниот тракт, крварење во белите дробови, отежнато дишење и лимфедем. Иако не постои лек за лимфедемот, симптомите може да се намалат со низа методи, како што се масажа и вежбање. Што да се направи за да се спречи Капоши саркомот?Капоши саркомот може делумно да се спречи со заштита од полово преносливи болести. На овој начин може да се намали ризикот од инфекција со хуманиот херпес вирус 8, кој се пренесува преку полов однос. По поставувањето на дијагнозата на Капоши саркомот, важно е да се подобри имунолошкиот систем на организмот т.е. да се зајакне природниот одбрамбен систем на организмот, кој се бори против инфекциите и ракот. Земањето на лекови против СИДА-та може да го спречи напредувањето на болеста. |