• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Новости од областа на канцерот
Со лекови за остеопороза против ракот на дојката?

Жените кои ги земале често применуваните лекови за остеопороза, бисфосфонати, имале значително помал процент на инвазивни форми на рак на дојка, во споредба со испитаничките кои не користеле теблети за јакнење на коските.

Анализата на податоците на „Женската здравствена иницијатива“ покажала дека бисфосфонатите ја намалуваат појавата на инвазивниот рак на дојката кај 32% од вкупно 2.800 испитанички, во однос на оние кои не ги применувале овие лекови. Сите жени биле во постменопауза. Резултатите од оваа анализа биле објавени на неодамнешниот Симпозиум за рак на дојка во САД.

„Самата помисла дека бисфосфонатите можат да ја намалат појавата на ракот на дојката е многу возбудлива, бидејќи во САД годишно се издаваат 30 милиони рецепти за јакнење на коските“, изјавил Dr. Rowan Chlebowski, водач на студијата и главен онколог на Институтот за биомедицинско истражување во Лос Анџелес.

Научниците предупредуват дека ова е опсервациска студија и дека нема иста тежина како и клиничкото истражување, па затоа и резултатите треба да се земат со одредена доза на резерва. „Ова не е конечно откритие, но верувам дека ќе влијае на многу жени кои размислуваат за земање на бисфосфонати“, заклучил Dr. Chlebowski.

Остеопорозата е болест на цивилизацијата. Таа е прогресивно заболување, кое се карактеризира со намалување на коскената маса. Коските стануваат крти и лесно се кршат. Според податоците на Светската Здравствена Организација (СЗО), остеопорозата го зазема четвртото место по кардиоваскуларните заболувања, ракот и мозочниот удар. Денес од остеопороза се заболени околу 25 милиони луѓе, претежно жени.

Токму истражувањето на „Женската здравствена иницијатива“ од 2002 година открило поврзаност помеѓу долготрајната супституциона хормонска терапија кај жените во постменопаузата и зголемениот ризик од рак на дојка и срцев удар. По ова објавување, следеле илјадници тужби против производителите на овие лекови.

 

Најчитани наслови