• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Цинк - минерал кој помага при настинка и грип

Цинкот влијае на работата на ензимите (на пример на белковините), а некои од нив влегуваат во составот на клетките на имунолошкиот систем.

„Цинкот го поттикнува стварањето на белите крвни зрнца во коскената срцевина и, истовремено, го поттикнува созревањето на Т – лимфоцитите. Т – лимфоцитите се неопходни за да може организмот да се одбрани од микроорганизмите“, објаснува Sven David Miler. Покрај тоа, цинкот го спречува воспалението и ги уништува вирусите. Тој не дозволува вирусите на настинката да продрат во телото преку слузницата на дишните патишта и не дозволува да се размножуваат во организмот.

Ако го снабдуваме организмот со цинк, може да ги намалиме симптомите на настинката и побрзо да оздравиме, при што се препорачуваат дози од 10 до 20 mg цинк дневно.

Со експерименти и со двојно слепа проба утврдено е дека таблетките цинк го намалуваат траењето на настинката кај возрасните луѓе. Кај децата овој ефект не постои и никој досега не објаснил зошто е тоа така.

Во експериментите кои покажале успех, биле користени цинк глуконат и цинк глуконат-глицин во форма на таблетки за џвакање. Секоја таблетка содржела 15 - 25 mg цинк.

На сите корисници на цинк таблетки им се советува да видат дали тие содржат лимонска или винска киселина, бидејќи поради интеракциите, делувањето на цинкот може да биде блокирано.

И уште нешто, немојте да земате соли на цинк, бидејќи ефект постигнуваат само оние кои се спомнати. Постои и проверена техника: цинк таблетите треба да се земаат при појава на првите симптоми на „гребење“ во грлото или носот и тоа во доза од 10 таблети дневно (тие се топат во устата како бомбони). Треба да се земаат за време на траењето на настинката, но штом ќе исчезнат симптомите, треба да се престане со земањето на таблетките. Сепак, најдобро е да се консултирате со лекар и да не земате теблети цинк на своја рака.

Каде го има цинкот?

Морската храна, а посебно школките се богати со цинк, потоа црвеното месо, јајцата, тофу, грав, грашок и пченични р`кулци

 

Прочитајте и: