• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Состојката од семките на доматот – еликсир за здрав и долг живот

Природната состојка од семките на доматот претставува клучна компонента за здрав и долг живот, бидејќи го спречува згртчувањето на крвта и ја подобрува циркулацијата на крвта во организмот.

Новооткриентата состојка во семките на доматот го спречува згрутчувањето на крвта и се препорачува како природна алтернатива на аспиринот. Оваа состојка ја откриле научниците кои го истражувале квалитетот на храната и благотворното дејство на медитеранската диета.

Оваа состојка од семките на доматот наскоро би можела да се најде во пијалоците и храната, а Европската унија ја признала како делотворно средство против згрутчувањето на крвта и за подобра циркулација. Европската унија дозволила ознаката на оваа состојка да се најде на амбалажата на прехрамбените продукти кои ја содржат.

„До денес не се пронајдени штетни ефекти од оваа состојка“, изјавил професорот Асим Дута-Рој, од Институтот во Аберден.

Резултатите кои се постигнуваат со нејзината консумација можат да траат до18 часа, што значи дека таа е идеална за секојдневна употреба.

 

Прочитајте и: