• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Новости од областа на канцерот
Мигрените го зголемуваат ризикот од мозочен удар

Луѓето кои патат од мигрена имаат двојно поголем ризик од исхемичен или мини мозочен удар. Овој ризик е особено изразен кај жените, покажале најновите истражувања.

Исхемичниот удар е најчест вид на мозочен удар, а настанува со запушување на крвните садови со тромб, кој го блокира дотокот на оксигенираната крв во другите делови на мозокот.

Во своето истражување, научниците од „Johns Hopkins University School of Medicine“, ги анализирале податоците од 21 студии, кои вкупно вклучиле 622,381 мажи и жени од Европа и Северна Америка.

Студијата покажала дека испитаниците кои пателе од мигрена имале 2, 3 пати поголем ризик од исхемичен мозочен удар, во споредба со испитаниците кои не пателе од мигрена.

Ризикот од мозочен удар бил за 2.5 пати поголем кај лицата кои боледувале од мигрена со аура (на главоболката и претходат пореметувања на видот - sвездички, точкички, или цик-цак црти, трнење и слабост во раката и ногата). Ризикот за мозочен удар бил дури за 2.9 пати поголем ризик кај жените кои пателе од мигрена со аура.

„Новата студија ја зацврстува врската помеѓу мигрената и мозочниот удар и, исто така, ги корегира некои различни резултати од претходните истражувања, кои водеа до збунувачки резултати, изјавил кардиологот и водачот на истражувањето Dr. Dr. Saman Nazarian од „Johns Hopkins University School of Medicine“.

Dr. Nazarian изјавил дека за поврзаноста помеѓу мигрената и исхемичниот мозочен удар се напишани околу 1,800 написи, но оваа најнова студија од овој вид е наголема и многу попрецизна од претходните.

„Препознавањето на лицата со зголемен ризик за мозочен удар е клучно за превенција на мозочниот удар. Лекарите специјалисти треба да ги предупредуваат пациентите со историја на мигрена со замаглување на видот (мигрена со аура) за опасноста од мозочен удар, изјавил Dr.Nazarian.

Постојат низа превентивни начини и третмани на лекување со кои можат да се ублажат мигрените. Престанокот на пушење, земањето на лекови за намалување на крвниот притисок или други лекови кои ја разредуваат крвта, се само дел од тие превентивни и тераписки мерки.

Најновата студија била презентирана на годинешниот состанок на „American Heart Association“.

 

Најчитани наслови