• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Што е атеросклероза и како да ја спречиме? PDF Печати
Сабота, 20 Февруари 2010 00:00

Атеросклерозата за една од најчестите заболувања кај човекот, која можеме успешно да ја превенираме.

Поради атеросклероза доаѓа до постепено губење на еластичноста на sидовите на артериите, на кои се таложат наслаги од масти, првенствено како последица на внесување на прекумерни масти од животинско потекло со исхраната. Стеснувањето на крвните садови и намалувањето на нивната еластичност доведуваат до отежната циркулација на крвта, а со тоа и до недоволна снабденост на ткивата и органите со крв.

Симптоми

Атеросклерозата е многу подмолна болест, бидејќи се развива полека, постепено, без никакви знаци, се додека артериите не се толку стеснети да органите и ткивата не добиваат доволно кислород. Ако се зафатени артериите на мозокот, пациентите ќе имаат интелектуални проблеми, а ако се зафатени срцевите крвни садови, тие ќе имаат проблеми со работата на срцето.

Симптомите и знаците на атеросклерозтата обично се јавуваат помеѓу 50 и 65-тата година од животот. Болеста е почеста кај маште, бидејќи женските хормони ги штитат артериите кај жените.

Фактори на ризик

  • гојазност,
  • висококалорична исхрана, богата со масти и шеќери,
  • висок крвен притисок,
  • пушење,
  • физичка неактивност.

Мерки на претпазливост

  1. Намалете го внесот на масти: Храната која содржи масти од животинско потело, како што се месото, сирењето, млекото, путерот го зголемува ризикот за развој на атеросклероза. Овие намирници треба умерено да се консумираат.
  2. Намалете го внесот на прости шеќери и алкохол: Простите шеќери и алкохолот во организмот се претвараат во триглицериди, односно во друг вид на масти, кој се таложи на внатрешниот sид на артериите.
  3. Јадете мешункаст зеленчук: Мешункастиот зеленчук како гравот, грашокот, боранијата, леќата содржат растителни белковини, а не содржат многу масти.
  4. Намалете ги вкупните дневни калории: Прекумерната телесна тежина е фактор на ризик за развој на атеросклерозата.
  5. Редовно вежбајте: Секојдневното шетање, најмалку 30 минути дневно, ја подобрува циркулацијата и ги зајакнува мускулите на телото.
  6. Не пушете: јаглеродниот диоксид, кој го вдишуваме со пушењето, постепено предизвикува крутост на sидовите на артериите.
  7. Редовно контролирајте го крвниот притисок: Доколку крвниот притисок е над нормалните вредности, потребна е консултација со кардиолог и примена на антихипертензивна терапија.
 

Електронски Весник


Погледај како изгледа!

За да бидеш во тек со сето она што се случува на порталот, пријави се за да го добиваш бесплатниот електронски весник. Тој излегува еднаш месечно...

Банер