• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Видови на тумори на кожата Печати

Туморите на кожата се најчести тумори кај човекот. Постојат малигни и бенигни тумори на кожата.

Бенигни тумори на кожата

Бенигните тумори на кожата се многу чести и може да се развијат од сите слоеви на кожата - од површинскиот слој (епидермисот), сврзното ткиво, масното ткиво, мускулното ткиво, жлездите на кожата (потните и лојните жлезди), нервните влакна и од крвните садови на кожата.

Чести бенигни тумори на кожата се липомите, кои потекнуваат од масното ткиво, атеромите, кои настануваат од лојните жлезди, хемангиомите од крвните садови на кожата, бемките од пигментните клетки на кожата, разните неуриноми - од нервните влакна, брадавиците од површинскиот слој на кожата.

Најчести бенигни тумори на кожата се:

  • Липоми (настануваат од масното ткиво).
  • Атероми (настануваат од лојните жлезди).
  • Невуси - бемки (настануваат од меланоцитите, клетки на епидермисот кој содржат погмент – меланин).
  • Хемангиоми (настануваат од крвните садови).

Бемки (Naevusi)

Бемките се пигментни бенигни тумори кои настануваат од меланоцитите (пиогментни клетки на епидермисот). Невусите се најчесто стекнати тумори и се развиваат во првите три децентии од животот. Некои не го сметаат за вистински тумори, бидејќи секој човек има повеќе бемки по кожата на телото.

Вродените бемки се јавуваат пред раѓањето, а растат со детето. Можат да бидат многу големи и да покриваат цели делови на телото. Обичните бемки не се склони да се трансформираат во малигни тумори. Најчесто се во ниво на кожата, а можат да бидат и лено издигнати. Бемките се еднакво пигментирани со остри ивици спрема околната кожа.

Диспластичниот невус е стекнат и обично има неправилна форма и посебни микроскопски морфолошки карактеристики. Диспластичниот невус може малигно да се трансформира во меланом, најопасен вид на кожен карцином.

Малигни тумори на кожата

Малигните тумори на кожата се на прво место по честота од сите видови на малигноми кои се јавуваат кај човекот. Тие значително почесто се јавуваат на непокриените делови на телото.

Во настанувањето на карциномите на кожата се наведуваат многу фактори: сончевата сбетлона, јонизирачкото зрачење. Органските и неоргански масла, смоли и катрани, течките метали (арсен), лузните од операцијата, изгоретините и траумите на кожата. Исто така се важни и преканцерозите на кожата (леукоплакијка,кератоактантом, Morbus Bowen, сончевите кератози) и одредени професии во кои постои подолготрајна изложеност на дејството на хемиските или физичките агенси. Од малигните тумори на кожата најчести се базоцелуларниот карцином, планоцелуларниот карцином и малигниот меланом.

Базоцелуларен карцином (Carcinoma baseocellularae, epythelioma baseocellularae, basalioma, ulcus rodens)

Базоцелуларниот карцином е најчест рак на кожата. Се јавува почесто кај припадниците на белата раса и тоа најчесто на видливите делови на главата и вратото. Годишната инциденца на базоцелуларниот карцином е 150 - 1560 на 100.000 жители, во зависнот од регионот во светот.

Базоцелуларниот карцином е два пати е почест кај мажите отколку кај жените и почесто се јавува во средната и понапреднатата возраст (95%), обично од 40 до 79 година од животот. Поради се поголемото и подолго изложување на УВ зрачењето, базоцелуларниот карцином се јавува и на другите делови на телото. Најголема инциденца (честота) на базоцелуларен карцином во светот има Австралија.

Базоцелуларниот карцином потекнува од епителните клетки на површниот епидермис, од фоликулите на влакната и од лојните жлезди. Расте споро и потребни се повеќе месеци и години за да добие големи димензии. Растот му е локално агресивен, но скоро никогаш не метастазира. Поради тоа, некои стручњаци не ги сметаат за вистински карциноми, туку говорат за базоцелуларни епителиоми. Сепак, базоцелуларниот карцином често рецидивира, однос често повторно се јавува и по неговото излекување. Базоцелуларниот карцином особено често рецидивира во горната третина на лицето.

Најчесто базоцелулариот карциномот започнува како мала, сјајна кожна промена издигната над нивото на кожата, која бавно и постепено се зголемува. По неколку месеци се појавува сјаен, бисерен раб со назначени проширени крвни садови (телеангиеказии) на површината и со централна улцерација (раничка). Промената често крвари и се препокрива со краста, која паѓа и повторно се создава. Вообичаено за овој хистолошки тип на кожен карцином е да наизменично се препокрива со краста и се затвара, потоа крастата паѓа, промената крвари и повторно се ствара нова краста.

Иако базоцелуларниот кожен карцином ретко метастазира, тој може да биде исклучително локално деструктивен и да врши инвазија и деструкција на нормалните околни ткива. Ретко може да доведе до смрт, зафаќајќи одредени витални структури или отвори (очи, уши, нос, коска).

Овој кожен карцином најчесто се јавува во региите изложени на сонце, како што се лицето, вратот и екстремитетите. Најчести локализации на лицето се: образите, ушите, преаурикуларната регија (регија пред ушната школка), носот, долната усна и вратот.

Планоцелуларен карцином (Carcinoma planocellulare)

Планоцелуларниот кожен карцином потекнува од малпигиевите епителни клетки. Најчесто се јавува на деловите на телото кои се изложени на сонце, но може да се јави и насекаде. Може да се појави на претходно неизменета кожа, на претходно постојна сенилна кератоза или на лузна од изгореница.

Клиничката слика на планоцелуларениот кожен карцином може да биде најразлична.

Туморот почнува како црвена папула (чворче) или плака со лушпеста или крустозна површина. Понатаму, може да стане нодуларен, понекогаш со брадавичеста површина. Во одредени случаи, туморот може да лежи под површината на кожата, да улцерира и да го зафати подлежечкото ткиво. Ретко метастазира во регионалните лимфни јазли, но доколку не се лекува, при прогресија на болеста, доаѓа и до нивно зафаќање.

Околу третина од усните и мукозните лезии метастазираат пред да бидат откриени примарните локализации.

Малиген меланом

Меланомот претставува малигно буење на меланоцитите, клетки кои го произведуваат пигментот на кожата. Тоа е најмалигни облик на кожен карцином и е најчеста причина за смрт од кожен карцином.

Постојат 4 главни типови на меланом:

  • површинско раширувачки меланом,
  • нодуларен меланом,
  • акрален или акрален лентигозен меланом,
  • лентиго-малиген меланом.

Малигниот меланом може да настане со малигна трансформација на клетките на бемката, но може да настане и на сосема здрава кожа.

Ако некој забележи дека бемката почнала да расте, веднаш треба да се јави на лекар. Стручна помош треба да се побара и ако се бемките асимерични, деловите околу границите на бемката назабени, нејасно ограничени, ако бојата нагло им се изменила. Покрај тоа, секоја бемка, која е поголема од 6 мм во пречник треба да се прегледа од страна на лекар специјалист-дерматолог.

Лекарите препорачуваат дека е подобро хируршки да се отстранат бемките кои се наоѓаат на места подложни на иритација. Така сите оние бемки кои се наоѓаат под градниците, каишите, косата, деловите на тело кои се подложни на депилација, треба хируршки да се извадат. Обично ваквите бемки тешко се забележуваат и не се обрнува внимание на нив пред адолесцентниот период, па затоа би било добро да се побара совет од дерматолог.

Секој малиген меланом, ако рано се открие и отстрани на време, ја зголемува шансата за комплетно излекување. Кај меланомот не постојат одредени старосни граници, така да од овој вид на кожен рак можат да заболат сите.