• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Природна планинска чиста вода - извор на животот Печати

Водата е извор на животот. Таа сочинува 60-70 % од нашата вкупна телесна тежина и тој процент мора постојано да се одржува. Водата се наоѓа во сите наши ткива, во клетките и околу нив, и учествува во сите телесни активности. Водата ја има и во коските. Околу 93 % од крвта се вода, течност којашто ја разнесува храната и другите потребни материи до секоја клетка и ги прифаќа и исфрла отпадните материи од метаболизмот.

Водата секојдневно се губи со дишењето, потењето, мочањето и со варењето на храната. Бидејќи човечкиот организам неможе самиот да создава вода, мора да ја надомести со конзумирање на чиста изворска вода и со храна која содржи вода (супи, сосови, овошје – лубеница, диња, портокал, зеленчук – крставици, тиквички, домат).

Водата е неопходна за нормално функционирање на мозокот

Водата, заедно со минералите (главно со натриумот и калциумот), едновремено е и електролит без кој нервниот систем не може да ги извршува своите сложени функции.

Водата е неопходна за варењето на храната

Жлездите кои создаваат сокови за варење излачуваат околу 7 литри течности на ден. За своите потреби тие не можат да складираат толку многу течности. Затоа постојат процеси во кои учествуваат ензими, кои ја извлекуваат водата од крвта и им ја предаваат на овие клетки кои создаваат желудочен сок со соодветна густина. Кога стомачните сокови ќе ја завршат својата работа, водата повторно се враќа во крвта.

Независно од тоа дали сакаме или не, ние мораме редовно да пиеме доволно количество вода. На просечен возрасен човек му се потребни од 2,2 до 3 литри вода на ден. Препораките на експертите за исхрана се дека мажите треба да внесуваат 3 литри, а жените 2,2 литри течност дневно.