• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Ресвератрол - каде го има?

Автор: Др. Дарко Стојановски

Ресвератролот го има во црвеното вино и грозјето и претставува фитоалексин од групата на полифенили и поседува антиоксидантни карактеритики, со што ефективно ги неутрализира слободните радикали и останати оксиданси а ја инхибира и оксидацијата на LDL холестеролот, а се покажал и како ефективно средство против невронална клеточна дисфункција и клеточна смрт, па според тоа може да помогне во случаи на Хантингтонова и Алцхајмерова болест.

Ресвератролот интерферира со сите три стадиуми на карциногенезата и ја инхибира клеточната делба и раст, апоптозата, инфламацијата, ангиогенезата и метастазирањето. Со инхибиција на експресијата и активноста на одредени цитохром P 450 ензими, ресвератролот може да помогне во превенција на карциногенезата, преку намалување на експозицијата на активните карциногени и зголемена екскреција на потенцијално токсичните материи. Ресвератролот ја инхибира пролиферацијата на многу хумани канцерогени клетки вклучувајќи ги тие на дојката, простатата, желудникот, дебелото црево, панкреасот и тироидната жлезда.

Ресвератролот има директно инхибиторно дејство врз срцевите фибробласти и со тоа може да ја инхибира прогресијата на кардијалната фиброза, а има и други кардиопротективни дејства, како инхибиција на тромбоцитната агрегација, промоција на вазодилатацијата и инхибиција на инфламаторните ензими.

Тој исто така значително ја покачува продукцијата на природниот тестостерон бидејќи е селективен естроген рецептор модулатор.

Медицинска примена:

  • за подобрување на функцијата на кардиоваскуларниот систем, подобрување на микроциркулацијата преку подобрување на еластичноста на крвните садови,
  • се препорачува при малигни заболувања,
  • за забавување на процесот на стареење,
  • се препорачува кај разни инфекции,
  • намалување на телесната тежина и намалување на холестеролот.
 

Прочитајте и: