• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Алтернативи методи кај канцерот
Saw Palmetto - Назабена палма Печати

Автор: Др.Дарко Стојановски

Екстрактот од назабена палма (Seronoa repens) се деривира од виолетовите бобинки на овој вид на назабена палма која расте во крајбрежниот регион на Јужна Америка и Калифорнија. Индијанските народи кои живееле на овој континент го користеле плодот од назабената палма за третирање на различни проблеми со уринарниот, гениталниот, респираторниот и репродуктивниот систем.

Истражувањата покажуваат дека назабената палма има антивоспалителни, антисептички, експекторантни, диуретични и седативни својства кои се должат на присуството на различни хемиски компоненти во кои спаѓаат: масни киселини (лауринска, олеинска, миристична и палмитинска киселина), фитостероли и полисахариди.

Оваа билка првенствено се користи за превенција и третман на БПХ (бенигна простатична хиперплазија) кај средовечните мажи. Назабената палма има способност да го инхибира делувањето на тестостеронот врз простатата и со тоа го подобрува нормалниот тек на урината, воедно ја намалува и фреквентнтноста на уринирање кај лицата со синдром на БХП. Назабената палма исто така го превенира конвертирањето на тестостеронот во дихидротестостерон (ДХТ) преку инхибиција на 5-алфа редуктазата и врзување на ДХТ за андрогените рецептори, кој што предизвикува размножување на клетките на простатата и исто така е водечка причина за опаѓањето на косата кај мажите.

Се користи како афродизијак кај двата пола, промовира раст на мускули, го подобрува имунитетот и го одржува хормоналниот баланс.

Медицинска примена:

  • треман на бенигна простатична хиперплазија (БПХ),
  • третман на импотенција кај мажите и како афродизијак кај двата пола,
  • воспаленија на генитоуринарниот тракт,
  • превенција од ќелавост и стимулирање на растот на косата,
  • како анаболик кој помага во изградбата на мускулното ткиво и го подобрува мускулниот тонус.
 

Најчитани текстови