• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Алтернативи методи кај канцерот
Japanese Ashitaba - Јапонска Ашитаба Печати

Автор: Др.Дарко Стојановски

Ашитаба (Angelica Keiskei Koidymi) е азиска билка за која најстарите записи кои сведочат за употребата на оваа чудесна билка датираат уште од пред 2000 години.

Ашитабата содржи 11 различни витамини и 13 минерали, бета каротен , витамин B2, витамин Ц, железо, витамин Б1, Б3, Б5, Б6, биотин, фолна киселина, калциум, магнезиум, калиум, фосфор, цинк, бакар, манган, сулфур.

Хлорофилот ја стимулира продукцијата на црвените крвни клетки, ја детоксифицира крвта и црниот дроб и го промовира растот на физиолошки цревната флора.

Германиумот е минерал во трагови кој ја промовира продукцијата на интерферон, кој го спречува навлегувањето на вирусите и бактериите во телесните клетки.

Кумарините се моќни антиоксиданси кои имат антиканцерогени карактеристики.

Халконите се флавоноиди, моќни антиоксиданси кој што ги заштитуваат клетките од оштетување со слободни радикали, кое е поврзано со забрзан процес на стареење, дегенеративни заболувања и карциноми. Тие ја намалуваат прекумерната секреција на гастричниот сок која може да доведе до гастричен улкус. Тие го зајакнуваат имуниот систем, го регулираат крвниот притисок и нивото на холрстеролот и покажуваат антивирусни и антибактериски својства. Тие и даваат на ашитабата диуретично и лаксативно дејство и одржување на добар метаболизам. Ашитабата преку халконите кои ги содржи може да ја стимулира продукцијата на факторот за раст на нервите (NGF) со што помага во одржувањето на мозочното здравје, помага при периферна невропатија и Алцхајмерова болест и нервни оштетувања кај оние кои страдаат од дијабет.

Исто така содржи витамин 12 кој што промовира продукција на крвни клетки, зголемува концентрација и внимание, ја зголемува продукцијата на хормонот за раст и го подобрува имуниот систем. Халконите помагаат при состојби на срцеви заболувања, канцер, оксидација на ЛДЛ холестеролот, остеопороза, дијабет и Алцхајмерова болест.

Ашитабата има антибактериски, антивирусни, антиулкусни, антитромботични и силни антитуморски дејства, инхибирајќи ги белодробниот и кожниот карцином.

Медицинска примена:

  • заболувања на гастроинтестиналниот тракт, како акутен и хроничен гастритис, хлорхидрија, карцином на желудник, дуоденален улкус, гастрична атонија, хроничен ентеритис, хроничен хепатитис, хемороиди
  • подобрување на кардиоваскуларното здравје и третман на кардиоваскуларни заболувања, анемија, висок крвен притисок,
  • хроничен замор, болки, забрзано стареење,
  • астма, настинки,
  • дијабет,
  • има лаксативно и диуретично дејство,
  • неврози, Алцхајмерова болест, несоница.
 

Најчитани текстови