• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Новости од областа на канцерот
Магнезиумот го снижува крвниот притисок кај лица со хипертензија

Автор: Др. Дарко Стојановски

Суплементите од магнезиум можат да го намалат крвниот притисок кај луѓето со хипертензија, се наведува во една студија од Кореа.

Од друга страна, магнезиумот немал ефект врз крвниот притисок кај нормотензивните индивидуи (лица со нормален крвен притисок), според откритијата публикувани во „Nutrition, Metabolism and Cardiovascular Disease“.

„Овие откритија сугерираат дека суплементацијата со магнезиум може да помогне во превенцијата на прогресијата на хипертензијата кај луѓето со зголемена тежина, нормално ниво на магнезиум во крвта и без знаци за дијабет, а со покачен крвен притисок, иако анти-регулаторните механизми за превенирање на понатамошно покачување на крвниот притисок останува допрва да се разјаснат“, наведуваат истражувачите од „Pusan National University“.

Студиите ги надополнуваат епидемиолошките студии, кои наведуваат дека секојдневната употреба на повеќе магнезиум, калиум и калциум може да го намали ризикот од хипертензија кај одредена популација.

Високиот крвен притисок (хипертензија), дефиниран како состојба на систолен и дијастолен притисок поголем од 140 со 90 mmHg, е главен ризик фактор за кардиоваскуларни заболувања.

Магнезиумот многу малку или речиси воопшто не делува на крвниот притисок кај здрави индивидуи, додека кај луѓето со хипертензија се забележува значитен пад и на систолниот и диастолниот притисок (кај групата која примала магнезиум (17.1 и 3.4 mmHg), во споредба со плацебо групата (6.7 и 0.8 mmHg).

 

Најчитани наслови