• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Вистинска храна за вашиот мозок Печати

Автор: Др. Дарко Стојановски

Меморија и поддршка за вашиот мозок

Експертите прецизираат дека е под наша контрола одржувањето на најмалку 2/3 од здравјето на нашиот мозок.

Познато е дека тоа што го јадете оди во вашиот мозок, па логично е дека би требало да направите избор во исхраната што ќе ја направи работата на вашиот мозок беспрекорна. Медицинските експерти идентификуваа неколку клучни суплементи кои му помагаат на вашето тело да го одржи мозокот млад и здрав колку што е можно повеќе. И конечно, не го избегнувајте вежбањето, бидејќи игра важна улога во сочувувањето на меморијата. Дневно 30 минутно пешачење му помага на мозокот да работи со полн капацитет, дури промовира и раст на нови нервни клетки и ја подобрува меморијата и учењето.

  • Обоена храна - на мозокот му требаат многу антиоксиданси за да се бори со сите слободни радикали кои можат да ги уништат невроните. Јадете темно зелени зеленчуци како спанаќ и брокули, црвена храна како домати и пиперки, темно жолти како тиква, и овошја како боровница и малина. Пигментот од храната ја одредува антиоксидантната моќ, затоа одбирајте ги посилно обоените овошја и зеленчуци.
  • Риба – околу 60% од мозокот е всушност масна материја, затоа конзумирање на здрави маснотии е витално за менталното здравје. Маснотиите мора да доаѓаат од извори како лосос или други риби од ладните води, кои обезбедуваат здрави количини на Омега-3 масни киселини, кои го одржуваат мозокот во топ форма.
  • Протеини – аминокиселините од протеините обезбедуваат 80% од материјата од која се изградени мозочните невротрансмитери. Консумирање адекватни количини на протеини од риба, домашни птици, соја и сирутка, ќе ве направат да бидете со бистра глава и помалку нерасположени.