• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Стресот и депресијата може да предизвикаат физиолошки промени Печати

Иако депресијата првенствено се доведува во врска со емотивната состојба на личноста, не треба никако да се игнорира и другата страна на депресијата - физичката.

Голем број на луѓе кои патат од депресија патат и од други физички симтоми, од кои повеќето се хронични.

Главоболка

Главоболката е многу честа појава кај депресивните лица. Лицата кои патат од мигрена, имаат уште поболни и понеподносливи мигрени кога се во депресија.

Болка во грбот

Болките во грбот се честа појава. Може да се јават поради долготрајно и неправилно седење и работа. Но, тие се многу поинтензивни кога ќе не обземе депресија.

Болка во мускулите и зголобовите

Болките во мускулите и зголобовите се многу честа и хронична појава на депресивните лица. Тие се жалат на болки по целото тело, без да се тие последица на физичко напрегање.

Болка во градите

Логично е да, доколку почуствувате болка во градите, во истиот момент отидете на лекар специјалист. Имено, болката во овој предел може да биде индикатор за сериозни срцеви проблеми. Депресијата може дополнително да го зголеми интензитетот на градната болка.

Проблеми со органите за варење

Лицата кои се во депресија имаат проблеми со органите за варење. Често чувствуваат непријатност во стомакот или мачнина. Исто така, може да се јават и проливи или хроничен запек.

Замор и малаксаност

Депресивните лица чуствуваат хроничен замор и малаксаност, без оглед на тоа колку ноќе спиеле. Поради депресијата тие постојано се чувствуваат уморно и скршено. Како последица на тоа, станувањето во утринските часови е исклучително тешко, а понекогаш се чини и невозможно.

Лош сон

Депресивните лица имаат лош и испрекинат сон. Некои се будат премногу рано и потоа неможат да продолжат да спијат, додека пак други имаат проблем да заспијат. Некои депресивни лица пак, спијат подолго време отколку што е тоа нормално.

Губиток на апетит и тежина

Депресивните лица го губат апетитот, што доведува до нагло губење на телесната тежина. Некои лица пак сакаат и јадат во големи количини само одреден вид на храна, како на пример јагленохидрати, па на тој начин одат во друга крајност, односно во зголемување на телесната тежина и гојазност.

Вртоглавица

Бидејќи овој физички симптом се јавува и при многу други состојби, повеќето луѓе кои патат од депресија никогаш всушност и не побарале стручна помош. Дури, и голем број на лекари го превидуваат овој очигледен симптом.

Како да се спречи и лечи депресијата?

Во одредени случаи, лекувањето на депресијата со психотерапија и медикаменти, ќе ги излечи и физичките симптоми.

Доколку сте депресивни и имате и физички симптоми, кажете им ги на вашиот лекар и немојте да мислите дека тие само од себе ќе исчезнат, затоа што нема да биде така.

Со оглед на тоа што болката и депресијата често одат заедно, во одредени моменти ублажувањето на болката ќе има смирувачки ефект и на самата депресија.