• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Новости од областа на канцерот
Премногу сол може да предизвика рак на желудник?

Со денешниот начин на исхрана внесуваме просечно 5 до 10 грама повеќе сол отколку што му е потебно на нашиот организам.

Земање на преголема доза на сол го нарушува нашето здравје, ги оштетува бубрезите, го покачува крвниот притисок, го зголемува ризикот за срцев и мозочен удар. Сега корејските истражувачи откриле дека премногу сол може да доведе и до рак на желудникот.

Во истражувањето биле вклучени повеќе од 2,2 милиони испитаници на возраст помеѓу 30 и 80 години, кои дале податоци за својата исхрана, стил на живеење и систематските прегледи.

Научниците утврдиле „слаба, но позитивна“ поврзаност помеѓу зголемениот ризик од развој на рак на желудник и прекумерното внесување на сол во организмот. Во период од 7 години, 9 620 мажи и преку 2.700 жени добиле рак на желудник.

Иако механизмот со кој солта е одговорна за ваквата состојба сеуште не им е јасен на корејските научници, тие препорачуваат ограничување на внесот на сол како превентивна мерка за ракот на желудникот.

Специјалистот за рак на желудник Dr. Al B. Benson (кој не учествувал во ова истражување) смета дека корејските заклучоци не се конечни, но тие ја потврдуват врската, на која долго време се сомневало.

Dr. Benson тврди дека е важен и начинот на кој се внесува солта. Во јапонската студија е утврдено дека готварската сол со себе носи ризик за срцеви заболувања, но не и за рак, додека храната богата со сол (на пример преработена риба) е поврзана со ракот, но не и со заболувањата на кардиоваскуларниот систем.

„Во подрачјата каде се користи солта за конзервирање на храната, како на пример при киселењето, постои зголемен ризик. Оваа врска има смисол за азиските земји и подрачјето на источна Европа, особено Русија, каде исхраната се темели на солена храна“, заклучил Dr.Benson.

Истражувањето било објавено во научниот часопис „American Journal of Clinical Nutrition“.

 

Најчитани наслови