• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Новости од областа на канцерот
Брисот од сомнителна раничка во устата би можел успешно да го открие ракот во рана фаза

Брисот од раничка на јазикот или образот би можел да го открие ракот на овие делови на устата и тоа исто толку ефикасно како и другите, значително поинвазивни дијагностички методи. Ова го покажало прелиминарното истражување на америкаснките научници.

Тестот кој користи дијагностички нано биочип се покажал 97% сензитивен и 93% специфичен во одредувањето на преканцерогените или канцерогените лезии.

„Едно од клучните откритија на ова истражување покажа дека минијатурниот, неинвазивен пристап дава скоро исти резултати како и биопсијата“, објаснил Dr. John McDevitt, професор по хемија и биоинжењеринг на Универзитетот „Rice“. Лабораторијата на Универзитетот „Rice“ развила нано технологија со биочипови.

Ракот на устата се јавува кај повеќе од 300.000 лица годишно, а стапката на преживување од 5 години изнесува 60 %. Но, доколку оваа малигна болест се дијагностицира на време, шансите за преживување се искачуваат на 90%.

Оваа неинвазивна метода ги резултатите за само 15 минути, за разлика од другите дијагностички техники, кои резултатите ги даваат дури после неколку дена. Исто така, со овој тест се избегнува болната биопсија. Тестот се изведува со едноставен брис од јазикот или внатрешната страна на образот со инструмент кој наликува на четкичка за заби.

Пациентите кои имаат сомнителни ранички обично дознаваат за својата состојба при посетата на стоматолог. Тие мора да се подвргнат на биопсија. Со новата метода ќе нема потреба од болни биопсии.

„Нано биочиповите може да видат кога абнормалната лезија ќе се претвори во преканцерогена: „Можете да ги набљудувате промените на самиот почеток, како се трансформираат од преканцерогени во рани фази на рак и да се откријат во таа фаза. Во раната фаза, ракот на устата многу успешно се излекува во висок процент“, изјавил Dr. John McDevitt.

Следниот чекор на научниците е да ги тестираат наночиповите на поголем број пациенти и се надеваат дека овој тест би можел да биде одобрен за широка примена во рок од две до четири години.

Истражувањето е објавено во научниот часопис „Cancer Prevention Research“.

 

Најчитани наслови