• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Препораки за намалување на ризикот од меланом Печати

  • Што помалку изложувајте се на сонце, особено од 10 до 16 часот.
  • Носете кошули со долги ракави, долги здолништа или панталони, капи и шешири кои го штитат лицето и задниот дел од вратот.
  • Носете квалитетни наочари со 100% УВ заштита.
  • Користете квалитетни средства со заштитен фактор за сонце најмалку 15. Нанесувајте заштитна крема барем половина час пред излегување на сонце и на секои два часа, дури и во облачните денови. Повторно ставете заштитна крема после пливање или потење.
  • Избегнувајте сончање во солариум.
  • Заштитете ги децата од прекумерно сончање. Не ги изложувајте на јако сонце и користете средства со заштитен фактор 30 и повеќе. Детската кожа е нежна и брзо гори.
  • Правете самопреглед на кожата еднаш месечно.
  • Редовно одете на контролни лекарски прегледи кај дерматолог.