• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Д-р. Мајкл Азис - Хормонска диета Печати

Хормонската диета помага не само да се изгубат вишокот на килограми, туку позитивно влијае и на здравствената состојба на целиот организам.

Хормонската диета е „пронајдена“ од страна на д-р. Мајкл Азис, кој 8 години се занимавал со научно-истражувачка работа пред да ја опише хормонската диета во книга.

Самата книга носи јака порака дека популарните диети во кои има малку или воопшто нема масти и јагленохидрати, ги „вознемируваат“ хормоните и дека тие диети едноставно не се погодни за одржување на нормалната телесна тежина за подолг период. Др. Азис ветува драматична промена со балансирање на хормоните, со помош на адекватна исхрана.

Др. Азис вели дека нановите медицински истражувања докажале како хормоните се клуч за губиток на тежината и дека со нивното доведување на оптимално ниво доаѓа до значително зголемување на енергијата, до губиток на телесната тежина и до подобрување не само на физичкото, туку и на психичкото здравје. Неговите истражувања покажуваат дека со примена на оваа диета се губат околу 7 килограми за 3 недели, без да се чувствува глад и дека оваа диета и подмладува.

Основи на хормонската диета

Др. Азис во својата книга, пред се, наведува 10 „величенствени“ хормони и објаснува каква е нивната улога во организмот и како секој хормон поединечно влијае на губитокот на тежината, но и на здравјето. Потоа следува интересен дел каде опишува како храната која ја консумираме влијае на хормоналниот баланс и наведува кои се неопходни нутритиенти на организмот за да се доведе нивото на хормоните на оптимално ниво. Според д-р. Азис, правата причина за гојазноста лежи во рафинираните јагленохидрати, а не во мастите.

И затоа хормонската диета ги исфрла од исхраната:

  • рафинираниот шеќер, како и производите кои го содржат,
  • процесирана храна и
  • храната со префиксот „диетално“.

Препорачани намирници според д-р. Азис се:

  • јајца,
  • полномасни сирења,
  • морски плодови,
  • месо од живина,
  • интегрални житарици,
  • овошје со низок гликемиски индекс,
  • големи количини на зеленчук.

Самата хормонална диета има 3 фази:

Фаза 1

Првата фаза е иницијална фаза за брзо губење на килограмите. Оваа фаза трае 3 недели и опфаќа консумирање на намирници со малку јагленохидрати, а потполно ги елиминира житариците и алкохолот.

Фаза 2

Втората фаза трае додека не се постигне саканата тежина, а се консумираат гореспомнатите препорачани намирници. Дозволени се помали количини на интегрални житарици и мала количина на алкохолни пијалоци.

Фаза 3

Третата фаза може да биде трајна, односно да стане ваш стил на исхрана. Оваа фаза се состои во консумирање на значително поголема количина на интегрални житарици.

Хормонска диета – Пример на еднодневна диета

Појадок:

  • јогурт со шумско овошје,
  • каша од овес.

Ручек:

  • риба на жар,
  • 2 лажици варен интегрален ориз,
  • салата од свеж сезонски зеленчук.

Ужина:

  • портокал,
  • парче колач со ореви.

Вечера:

  • печено парче месо од ќурка
  • обилна салата од мешан сезонски зеленчук

Препораки за вежбање

Вежбањето е важна компонента на оваа диета, па така се препорачува секојдневна едночасовна прошетка. Доколку сакате уште побрзи резултати, пожелно е да вклучите и некои поинтензивни вежби, како и аеробик во траење ид 45 минути, три пати неделно.

Хормонска диета – причини зошто би требало да ја држите

  • препорачува внес на непроцесирана и органска храна,
  • препорачува вне на интегрални житарици и јагленохидрати со низок гликемичен индекс,
  • прави разлика помежу здравите и нездравите масти,
  • ги разоткрива митовите за држењето на диета,
  • може да го намали ризикот од појава на зголемен холестерол во крвта, од срцеви заболувања, висок крвен притисок и рак,
  • може да се користи како траен стил на исхрана.
Заклучок

Иако хормонската диета на прв поглед личи на сличните диети кај кои се намалува внесот на јагленохидрати, може да се каже дека таа ни донесува многу повеќе единствени информации за влијанието на хормоните на губењето на тежината, на метаболизмот и на здравјето. Особено е интересен делот за влијанието на намалениот внес на јагленохидратите и пореметувањето на функцијата на штитната жлезда како и на намалувањето на хормонот на раст.

Се на се, за секој кој сака да извлече максимална корист од една диета (слабеење, подмладување, лекување) – хормонскта диета е веројатно прав избор.