• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Новости од областа на канцерот
Ензимот калцинеурин – клучен за работата на срцето

Научниците тврдат дека ензимот калцинеурин е клучен за контролата на нормалниот развој и функционирање на клетките на срцето. Губитокот на овој протеин води до срцеви заболувања и смрт, докажала студијата која била спроведена на генетски узгоени глувци.

Студијата ја спровеле научниците од „Cincinnati Children's Hospital Medical Center“, при медицинскиот институт „Howard Hughes“.

Студијата покажала дека калцинеуринот во срцето на биолошките глувци е директно поврзан со правилната работа на срцевиот мускул – со контракцијата, ритамот и одржувањето на срцевата активност. Скоро целосната отсутност на ензимот калцинеурин кај глувците довела до аритмија (пореметен ритам на срцето), до затајување на срцето и до смрт, тврдат истражувачите на студијата.

„Од порано е познато дека калцинеуринот е важен за правилна функција на срцето, но опсегот на улогата на овој ензим не бил дефиниран сè до оваа нова студија. Иако истражувањето е спроведено на глувци, оваа студија е многу важна за идните истражувања, кои би можеле да понудат нов пристап при дијагнозата и третманот на срцевите болни“, изјавила авторката на студијата Dr. Marjorie Maillet.

„Кога го елиминиравме ензимот калцинеурин, цела група на гени кои го регулираат нивото на калциумот во срцето започна лошо да функционира. Тоа предизвика дефект во растот на срцевите клетки, доведе до срцеви заболувања, аритмија, губиток на способноста за контракции на срцето и до негово затајување“, вели Dr. Maillet.

Калциумот е важен за растот на срцето и за контракцијата на срцевиот мускул. Претходните студии покажале поврзаност помеѓу абнормалностите во нивото на калциумот и појавата на срцевите заболувања, особено кај возрасните.

Научниците утврдиле дека кај биолошките глувци со недостаток на калцинеурин доаѓа до драматично намалување на работата на гените кои координирано ја регулираат снабденоста со калциум и контракцијата на срцевиот мускул.

Студијата била објавена во научниот часопис „Journal of Biological Chemistry“.

 

Најчитани наслови