• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Др. Лилјана Ацева: Вистини и заблуди за меланомот Печати

Дури и денес, кога многу повеќе се говори за меланомот - најопасниот вид на кожен карцином, многу луѓе не знаат доволно за оваа опасна малигна болeст. Постојат повеќе заблуди и предрасуди за меланомот.

Др. Лилјана Ацева, специјалист радиотерапевт и онколог, ни ги разоткрива најчестите заблуди, но и вистините за меланомот.

Заблуда: Повредата на бемките предизвикува развој на меланом

Додека не се знаело многу за ова малигно заболување, првата фаза била често занемарена, па болните обично се јавувале на лекар дури тогаш кога ќе се поjавел црн чвор или крварење. Бидејќи кај напреднатиот меланом може да дојде до крварење и после минимална повреда, пациентите обично ја поврзуваат повредата на бемката како причина за настанување на меланомот. Зaтоа пациентите често даваат податоци дека имало повреда на бемката и дека таа поради повредата крварела.

Денес траумата е отфрлена како причина за настанување на меланомот.

Заблуда: Зголеменото УВ зрачење, поради губитокот на озонскиот слој, е ГЛАВНА причина за зголемениот број на меланоми.

Нема докази кои би го поддржале ова општо прифатено мислење дека порастот на малигните меланоми во последните години, на некој начин, е поврзан со губитокот на озонот.

Написот објавен во британскиот часопис за рак покажува дека застапеноста на малигниот меланом во Норвешка од 1957 – 1984 година пораснала за 350% кај мажите и за 440% кај жените. Во тој период немало промени во озонскиот слој над Норвешка.

Но вистина е дека прекумерното и неконтролирано изложување на сончевите зраци е фактор на ризик за настанување на меланомот. УВ зраци од сонцето предизвикаат мутација на гените, која доведува до развој на меланом. Изложувањето на сонце и на другите извори на УВ зрачење (лампи за сончање, солариуми) го зголеми бројот на меланоми кај младата популација и стана најчеста болест кај младите девојки на 20 годишна возраст. Во многу земји е забранета употребата на солариумите за малолетните лица, помлади од 18 години.

Заблуда: Меланомот е најмалиген кожен карцином.

Меланомот се наоѓа на второ место по малигност. На прво место е Merkel cell карциномот, исклучително редок тумор на кожата, чија стапка на излекување е 30%. На трето и четврто место се планоцелуларните и базоцелуларните кожни карциноми, чија стапка на излечивост е практично 100%.

Вистина: Флуоросцентното светло може да предивика развој на меланом

Студијата објавена во престижниот медицински часопис „Lancet“ и една руска студија наведуваат дека флуоресцентното светло може дури и порано да предизвика развој на меланом од сончевата светлина, пропорционално со времето на изложеноста. Објавените резултати од студијата, спроведена на примероци од околу 900 жени, упатуваат на тоа да жените кои работат во затворен простор под флуоресцентно светло имаат 2,1 пати поголем ризик за развој на меланом.

Иако поминаа околу 20 години од објавувањето на овој напис, никој до сега не ги оспорил овие наоди.

Зошто флуоресцентната светлина може да предизвика развој на меланом?

Dr. Ott утврдил дека катодите сместени на краевите на светлосните цевки емитирааат X-зраци и електромагнетни зраци. Билките кои живеат под долгите флуоресцентни цевки растат нормално, но ако се преместат према краевите на цевките, нивниот раст ќе биде абнормален и закржлавен.

Вистина: Земањето на хормонски контрацептивни средства и хормонска супституциона терапија го зголемува ризикот за настанувањето на меланомот.

Честотата на меланомот нагло се зголемила меѓу жените во Америка, Австралија и Европа, т.е. во државите каде контрацептивните таблети најчесто се користеле.

Во студијата на „Walnut Creek“ (Калифорнија), повеќето жени со напреднат меланом, пред своите четриесетти години од животот, користеле контрацептивни таблети. До 1981 година, глобалниот пораст на ризикот од меланом за корисничките на контрацептивни таблети бил статистички поголем за три пати.

Друго, како и клетките на ракот на дојката, така и овие тумори имаат рецептори за естроген, па жените кои примаат хормонска супституциона терапија се со поголем ризик за развој на меланом од оние жени кои не ја користеле оваа терапија.

Заблуда: Оддалечените метастази постојат веќе при поставувањето на дијагнозата

Иако постои страв кај болните дека веќе при поставувањето на дијагнозата постојат оддалечени метастази, за среќа, тоа е ретко точно. Према податоците на „American Cancer Society“, само 4% од болните имаат оддалечени метастази во моментот на поставувањето на дијагнозата (на пример кај малигните тумори на јајчникот околу 60% од пациентките имаат оддалечени метастази за време на поставувањето на дијагнозата).

Заблуда: Биопсијата може да доведе до распад на туморот

Се сметало дека биопсијата и локалната примена на анестетици може да доведе до распад на туморот. Ова мислење се темели на тоа што порано овие зафати се правеле кај болни во доцна фаза на болеста, кај кои веќе постоеле метастази или тие се јавиле по краток временски период од зафатот и затоа биле поврзувани со хируршката интервенција.

Ова наведено мислење е побиено со бројни трудови, уште пред триесетина години.

Заблуда: Потребно е широко одстранување на меланомот.

Ова мислење е од времето кога не се знаело дека меланомите со различен степен на инвазија се однесуват различно.

Денес меланомите се класифицираат по Clark т.е. според длабочината на кожата која ја зафаќаат (инфилтрираат) како и по Breslow - според дебелината на туморот.

Некогашната препорака да ексизиониот раб се наоѓа 5 сантиметри од работ на туморот е променета, па денешниот став е да ресекцијата мора да биде неколку сантиметри од работ на лезијата, во зависонот од тоа колкав е степенот по Clark односно по Breslow. На пример, тумор од II. степен - ресекција 2 см од работ на туморот. Во поново време и овој ресекционен раб се смалува.

Заблуда: Меланомот е еден од туморите со најлоша прогноза – практично без можност за излекување

Прогнозата на меланомот зависи повече различни прогностички фактори, а најважни се стадиумот на болеста, дебелината на туморот и длабината на инвазијата во ожата, односно во поткожното ткиво.

Туморите во радијалната фаза немаат способност за метастазирање и доколку хируршки се отстранат во целост, многу ретко рецидивираат т.е. повторно јавуваат.

Според статистичките податоци на „American Cancer Society“, меланомот во САД е еден од туморите со најдобра прогноза.

10 годишното прежувување за меланомите „in situ“ (без метастази) е 100%, кај меланомите со дебелина до 1,5 mm е 90 %, за оние со дебелина од 1,5 - 3 mm - 75 %, за оние со дебелина од 3 - 4 mm - 55 % и за оние меланоми со дебелина поголема од 4 mm е 40%.

Болните со метастази во регионалните лимфни јазли имаам 5 годишно преживување само 30 %, а болниоте со далечни метастази 5-10%.

Прогнозата зависи и од некои клинички показатели, па така, постарите пациенти имаат полоша прогноза од помладите и мажите имаат полоша прогноза од жените.