• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Кафето како антиоксиданс

Слободните радикали се штетни продукти на организмот, кои настануваат во текот на оксидативните процеси во клетката. Слободните радикали ги оштетуваат клетките и го забрзуваат старењето, а можат да доведат и до развој на многу хронични заболувања, како атеросклероза, рак и смрт на клетките.

Антиоксидансите ги спречуваат оксидативните промени во намирниците и на тој начин ја продолжуваат нивната трајност, ја зачувувааат аромата и витамините чувствителни на делувањето на кислородот. Антиоксиданси се: витамините Е, Ц, галатите и др.

Кафето содржи антиоксидан полифенол, кој го забавува настанувањето на слободните радикали и на тој начин и смртта на клетките. Различни врсти на кафе содржат од 5 до 10% полифенол. Дневно пиење на кафе овозможува постојан внес на потребните антиоксидански во организмот, кои имаат заштитна улога ви клеткочниот метаболизам.

Полифенолите се многу јаки антиоксиданси и помагаат и во борбата против ракот, но и при диети, кај луѓето кои имаат проблем со бавен метаболизам.

 

Прочитајте и: