• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Новости од областа на канцерот
Акупунктурата го поттикнува природниот аналгетик во телото - аденозин

Аденозинот, познат како регулатор на сонот, ги инхибира нервните сигнали за болка.

Убодите со древните кинески иглички можат да помогнат да са намали болката, на тој начин што го стимулираат стварањето на природниот аналгетик во телото – аденозин, покажало наjновото истражување во САД.

Акупунктурата е стара кинеска медицинска вештина. Према кинеското верување, две основни енергии - yin и yang кружат низ меридијаните на нашето тело. Тие невидливи канали пресекуваат 365 точки на површината на кожата. Со акупунктурата се делува на овие точки со што се постигнува равнотежа на yin и yang енергијата и ублажување на здравстевените проблеми.

Акупунктурата се состои од забодување на многу тенки, метални игли во кожата, во точно одредени точки на телото. Целта е да се смени протокот не енергијата во телото, така да тоа самото се излечи.

Кога се применува овој третман, пациентот може да има лесна болка, досадна болка во вид на штипење, или електрични сензации во тек на неколку секунди по забодувањето на иглите. Кога иглите ќе се постават, болката инепријатните сензации исчезнуваат. Обично иглите остануват забодени во кожата на телото од 15 до 30 минути.

Знаењата за акупунктурата се прошириле во Европа со посредство на европските мисионери при крајот на 16 век.

Истражувачите се уверени дека можат да го подобрат ефектот на акупунктурата така што ќе ја комбинираат со познатиот лек против рак – деоксикоформицин, кој го одржува нивото на аденозинот во телото.

Светската здравствена организација (СЗО) ја признала акупунктурата како метода на лекување во 1979 година, а последниве триесетина години се спроведуваат интензивни научни истражувања на механизмите на акупунктурата.

Стручњаците од медицинскиот центар при Универзитетот Рочестер го проучувале ефектот на получасовната акупунктура на лабораториски глувци со повредена нога. Научниците утврдиле дека количината на аденозинот во ткивото покрај местото на убодот на иличките е 24 пати поголема после третманот, а глувците со нормално функционирање на аденозин почуствувале намалување на болката во ногата за две третини.Од друга страна, глувците кои не произведувале аденозин, бидејќи биле така генетски модифицирани, немале никаков бенефит од овој третман со акупунктура.

Аденозинот, кој е познат како регулатор на сонот, ги инхибира нервните сигнали и воспалението, па тој е одговорен за намаленото чувството на болка, објасните научниците.

Исто така, научниците заклучиле дека лекот деоксикоформицин скоро тројно ја зголемил количината на аденозинот во целните муслули и повеќе од тројно го зголемил времетраењето на попуштањето на болката кај глувците.

Истражувањето е објавено во научниот часопис „Nature Neuroscience“.

 

Најчитани наслови