• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Новости од областа на канцерот
ASCO 2010: Селенот не го намалува ризикот за рак на бели дробови

Иако порано се сметало дека недостатокот на селен и појавата на рак на бели дробови се поврзани, новите истражувања го побиваат ова тврдење.

Селен, суплемент кој дневно го земаат милиони луѓе со надеж дека ќе ги заштити од рак и од низа други болести, нема позитивен ефект во намалувањето на ризикот за рак на бели дробови, или во намалувањето на ризикот за повторно враќање на ракот на белите дробови, по неговото првично излекување. Ова го покажале резултатите на големата мултицентрична Фаза 3 клиничка студија.

„Неколку епидемиолошки и студии спроведени на експериментални животни долго сугерираа дека постои поврзаност помеѓу недостатокот на селен и развојот на ракот“, изјавил Dr. Daniel D. Karp, водачот на студијата и професор на Универзитетот „Texas MD Anderson Cancer Center“.

„Интересирањето за оваа тема и истражувањата ескалираа доцните 90-ти години, по објавувањето на резултатите од студијата за поврзаноста на ракот на кожата и нивото на селен во организмот. Студијата утврдила дека селенот не влијае на овој вид на рак, но потенцијално го намалува ризкот од рак на кожа, рак на простата и рак на бели дробови за 30%. Нашата студија започна со цел да утврди дали навистина селенот го намалува ризикот за некои видови на рак“, додава Dr. Karp.

Во последниве години, суплементите на селен беа продавани и промовирани како средство за спречување на ракот на простатата. Ова беше во голема мера базирано врз резултатите од обсервирачките студии, кои откриле поголем ризик од рак на простатата во областите кои се природно сиромашни со селен.

Во текот на 2009 година, Националниот центар за рак (NCI) ја прекина „SELECT“ студијата, во која учествуваа 35.000 мажи, а која анализирала дали можат селенот или витаминот Е, сами или во комбинација, да го намалат ризикот од рак на простата. Ниту еден суплемент не покажал позитивни ефекти.

„SELECT“ студијата беше прекината, кога, после повеќе од пет години, таа покажа дека суплементите не влијаат на инциденца на ракот на простатата.

Според Американското здружение за рак (ACS), околу 219 440 лица заболеле од рак на бели дробови во 2009 година, а 159 390 лица починале како последица на ова малигно заболување. Ако неситноклеточниот рак на белите дробови се дијагностицира во Стадиум I на болеста, кога е можна операција, излекувањето е можно во 80% од случаите. Кај овие пациенти се препорачува и хемотерапија, бидејќи постои опасност од повторно јавување на болеста.

Од 2000-та до 2009-тата година, меѓународната Фаза 3 клиничка студија, која ја финансирал Националниот центар за рак (NCI), вклучила 1 522 паценти со неситноклеточен рак на бели дробови во Стадиум I на болеста. Кај сите пациенти бил хируршки отстранет туморот и, во текот на следењето на пациентите, кај ниеден од нив за 6 месеци не се повторно јавил туморот.

Сите испитаници кои учествувале во клиничката студија биле поделени во две групи. Едната група примала 200 микрограма селен, а другата група примала плацебо (лажен лек). Студијата имала за цел да испита во колкава мерка селенот влијае на намалувањето на ризикот од повтоно јавување на ракот, или од развој на нов вид на рак.

Клиничката студија била прекината доста рано, бидејќи анализите покажале дека резултатите биле подобри кај онаа група на пациенти која примала плацебо (лажен лек). Кај 78% од овие пациенти, ракот не се јавиил повторно во периодот од 5 години по направената операција, во споредба со онаа група на пациенти кои земале селен (72% биле здрави, 5 години по операцијата). Несканите ефекти биле минимални, и не се развикувале помеѓу овие две групи.

Резултатите од десетгодишната студија, која ја започнала компанијата „Eastern Cooperative Oncology Group“, се претставени на овогодинешниот состанок на Американското друштво за клиничка онкологија.

 

Најчитани наслови