• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Заштитете ги детските очи од негативното сончево зрачење Печати

Иако за заштитата на очите треба да се грижат сите луѓе на секоја возраст, стручњаците предупредуваат дека децата се особено чувствителни на штетното влијание на УВА и УВБ зраците. Затоа ова лето посветете особено внимание на заштитата на детските очи.

Децата повеќе време минуваат надвор, на сонце. Освен тоа, леќата на детските очи е попрозирна околку кај возрасните, со што се зголемува и ризикот од изложувањето на ретината на краткобрановото светло.

„Очите мора да ги штитиме секој ден во годината. УВ зраците кои се одбиваат од водата, песокот, улицата, како и од снегот се исклучително опасни. Најдобро е децата да ги подучиме за правилна заштита на очите со личен пример“, рекол Dr. Hugh R. Parry, специјалист офталмолог.

Изложувањето на УВ зраците е поврзано со настанување на катаракта, макуларна дегенерација и со цел низ проблеми со здравјето на очите, предупредуваат офталмолозите.

Офталмолозите на сите им препорауваат да носат очила за сонце кои блокираат 99 до 100% од УВА и УВБ зраците –очилата за сонце без таква заштита можат да доведат до ширење на зениците, со што всушност повеќе може да наштетат отколку да заштитат. Очилата за сонце треба секогаш да бидат изработени од поликарбонат, отпорен на удари и гребење, а не од стакло.

Шеширите и капите со широк раб, исто така пружаат делумна заштита на очите.