• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
СЗО предупредува „Ни се заканува отпорност на антибиотици“ Печати

Светската здравствена организација (СЗО) предупредува дека отпорноста на антибиотиците е една од трите најголеми закани по здравјето на луѓето. Неправилната употреба на антибиотиците води кој појава на бактерии кои се отпорни на нив.

Научниците предупредуваат дека, доколку веднаш не се започне со решавање на овој проблем, инфекциите кои се излечиви би можеле повторно да се појават и тоа во многу појака форма.

Dr. Thomas R. Frieden, директор на американскиот Центар за контрола и превенција на болести, ги повикува американските законодавци да преземат мерки против опасноста од отпорни микроорганизми, за кои моментно постојните терапии се неефикасни.

„Ако не превземеме ништо за овој проблем, би можеле да влеземе во фаза во која светот ќе има малку клинички одговори на некои инфекции“, вели Dr. Frieden.

Научниците ги загрижува тоа што антибиотиците станувааат се помалку ефикасни колку што почесто се користат. Генетските промени кај бактериите ги прават отпорни на антибиотиците и тоа е природен процес, но тој е интензивиран поради преголемата употреба на антибиотиците.

Експертите велат дека отпорните бактерии можат да водат кон појава на некои сериозни заболувања. Еден пример е постоењето на многу отпорни бактерии во уринарниот тракт, потоа инфекциите на кожата и белите дробови, кои ги предизвикуваат различни врсти на бактерии кои стануваат се поотпорни.

„Имаме и многу посериозни проблеми, како што е на пример туберкулозата во многу делови на светот. На болните им биле препишувани различни медикаменти како третман против туберкулозата и нејзините бактерии развиле отпорност“, предпредуваат експертите за инфективни болести.

Dr. Anthony Fauci од Националниот институт за алергија и инфективни болести, вели дека фармацевтските компании се раководат со профитот и дека го намалуваат производството на антибиотици.

„Ако тие одлучат да направат производ кој многу луѓе ќе го земаат секој ден до крајот на животот, на пример таблети за намалување на мастите во крвта, тие попрво тоа ќе го сторат отколку да направат нов производ кој ќе го користи релативно мал дел од популацијата и тоа 10 дена или две недели годишно“, заклучува Dr. Anthony Fauci.

Научниците нагласуваат дека дел од решението на овој проблем е информирањето на пациентите и лекарите да престанат да користат антибиотици кога тие не се неопходни.