• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Новости од областа на канцерот
Во текот на бременоста двојно е поголем ризикот за пренесување на ХИВ од жената на мажот

Мажите кои се во врска со ХИВ позитивните жени имаат двојно поголем ризик да се заразат кога им е партнерката бремена, покажале резултатите од најновото истражувње.

Двегодишната студија, која била спроведена во Боцвана, Кенија, Руанда, Јужна Африка, Танзанија, Уганда и Замбија, се фокусирала на повеќе од 3 300 парови кај кои едниот партнер бил ХИВ позитивен.

Dr. Nelly Mugo и нејзините колеги се здружиле со експертите од Универзитетот во Вашингтон за да пронајдат 1 085 парови кај кои мажот бил ХИВ позитивен и 2 236 парови кај кои жената била ХИВ позитивна.

Во текот на траењето на студијата биле забележени 823 бремености. Авторите на студијата истакнуваат дека бременоста го зголемила преносот на ХИВ вирусот во двата смера, и од мажот на жената и од жената на мажот.

Сепак, ризикот за инфекција кај жените бил условен од бројни фактори, освен од самата бременост, вклучувајќи го и сексуалното однесување. Што се однесува до мажите, врската помеѓу бременоста и ризикот од инфекцијата била многу појака и подиректна, изјавила Dr. Mugo.

Факторите кај заразените партнерки, како што се вирусното оптеретување и бројот на CD4 (вид на бели крвни клетки кои се индикатори на јачината на имунолошкиот систем), не влијаеле на ризикот за заразување на мажите. Ниту обрежаноста или незаштитениот секс немале влијание, покажало истражувањето.

Експертите теоретизираат дека двојно поголемиот ризик за пренесување на ХИВ инфекцијата од жените на мажите во текот на бременоста е последица на имунолошките и физичките промени, сеуште неидентификувани, а кои ги поттикнува бременоста.

Еспертите истакнуваат дека се потребни понатамошни истражувања како би се дошло до правото објаснување на оваа појава.

 

Најчитани наслови