• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Новости од областа на канцерот
Дали КТ на белите дробови ќе стане скрининг метода за лицата со висок ризик?

Ракот на белите дробови се наоѓа на прво место по честота на јавување од сите малигни заболувања кај мажите (според светските статистики инциденцата изнесува од 20 до 22%).

Белодробниот карцином е на трето место по честота на јавување од сите малигноми кај жените (инциденца 11%). Тој е најчеста причина за смрт од малигни заболувања и кај двата пола (34% кај мажот и 21% кај жената).

За жал, често пати ракот на белите дробови се открива во неговата понапредната фаза, кога и лекувањето е потешко и помалку ефективно.

Новата студија, чии резултати биле објавени во научниот часопис ,,New England Journal of Medicine“, покажала дека прегледите со КТ кај лицата со зголемен ризик за рак на бели дробови, може да ги откријат и туморите со големина на зрно грашок.

Во овој сстадиум на болеста, може успешно да се лекуваат и инвазивните, агресивни форми на рак на бели дробови.

Статистичките податоци покажуваат дека во САД ракот на белите дробови секоја година однесува повеќе животи отколку карциномите на дојка, простатата, грлото на матката и дебелото црево заедно.

Лекарите веруваат дека рутинската примена на КТ, слично како и мамографијата и колоноскопијата, би можела радикално да ги зголеми шансите за преживување на голем број лица заболени од рак на бели дробови.

До сега нема одобрен рутински скрининг тест за рак на бели дробови.

Научниците препорачуваат Комјутерската томографија да биде скрининг метода за оние лица кои имат висок ризик за развој на рак на бели дробови.

 

Најчитани наслови