• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Летна опасност - Алиментарни интоксикации (труење со храна) Печати

Алиментарните интоксикации се труења со храна која содржи ентеротоксини кои ги произведуваат бактериите.. Најчести предизвикувачи на алиментарните интоксикации се бактериите Staphylococcus aureus, Clostridium perfingens, Salmonella, Shigella.

Токсинот на стафилококот, како и спорите на клостридијата, многу се отпорни на температура, па не ги уништува ниту пократко загревање или варење на храната.

Епидемиите се почести во лето и се јавуваат после кратка инкубација. На бактериите им годи влага и топлина. Затоа летото и летните жештини се идеални за нивно брзо размножување. Најосетливи намирници се: месо, посебно пилешко, потоа риба, јајца, млеко, колачи, сладолед.

Алиментарна интоксикација со Staphylococcus aureus

Стафилококните интоксикации започнуваат нагло, ненадејно и симптомите се манифестираат во тек на неколку часа. Нагло се јавува мачнина, општа слабост, малаксаност, повраќање, пролив. Температурата обично не е покачена, но можат да бидат изразени симптомите на дехидратација.

Алиментарна интоксикација со Clostridium perfingens

Кај интоксикацијата со клостридиумот, болеста започнува после нешто подолга инкубација, а се манифестира со болки во стомакот и пролив, без повраќање. Бактериите обично неможат да се докажат во изметот, туку во остатоците од консумираната храна.

Алиментарна интоксикација со салмонела (Salmonella)

Салмонелата е бактерија која може да ја предизвика болеста салмонелоза. Повеќето случаи на интоксикцзии со салмонелата се јавуваат после јадење на загадена храна, но понекогаш и после контакт со заразено лице.

Како се пренесува болеста?

Најчесто салмонелата се пренесува со недоволно зготвена храна која е направена од заразени животни. Најчесто од месо, јајца, како и од нивни производи.

Намирницата може да биде и исправна, но може да се контаминира и со нечисти раце, или кога приготвената храна се сече со загаден нож и слично. Понекогаш причина може да биде и нечиста вода, како и нечисти работни површини на кои се припрема храната. Затоа, свежото месо треба претходно да се испере со млаз вода, бидејќи на тој начин се намалува опасноста од зараза.

Кои се симптомите?

Лицата кои се заразени со салмонела обично имаат главоболка, мачнина, гадење, поврќање, пролив, болки во стомакот, грозница, општа слабост и малаксаност.

Симптомите најчесто се јавуваат од 6 до 72 часа по внесувањето на загадента храна.

Како се поставува дијагноза?

Дијагнозата се поставува со испитување на примерок од изметот, во кој се испитува присуството на салмонелата.

Како се лекува болеста?

Поблагите форми на салмонелоза се лекуваат со одмор, примање на многу течности и со јадење на лесна храна. Но, доколку постои изразен пролив и повраќање, може да дојде до појава на дехидратација, односно до губиток на течности и пореметување на електролитниот статус. Во тој случај потребна е хоспитализација на болниот и давање на интравенски инфузии, за да се корегира дехидрацијата и за да се нормализираат електролитите во крвта. Обично не се даваат антибиотици, освен во тешки случаи.

Како може да ги спречиме алиментарните интоксикации?

На прво место е личната хигиена. Треба често да ги миеме рацете со сапун и под јак млаз на вода. Истото тоа важи и за намирниците, а и за месото. Свежото месо треба претходно да се испере со млаз вода, бидејќи на тој начин се намалува опасноста од зараза.

Потенцијална опасност претставува и пената од белките на јајцето, како и одстојани и подгревани сосови. Затоа е најдобро во летно време да не се јаде храна која била приготвена претходниот ден.

Ако летно време храната се остави надвор, а не во фрижидер, бактериите се размножуваат во рок од 2 – 3 часа, а само некои микроорганизми можат да се уништат ако храната доволно термички се обработи.