• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Новости од областа на канцерот
ИСТРАЖУВАЊЕ: Дали кафето може да не заштити од рак на глава и врат?

Кафето содржи антиоксиданс полифенол, кој го забавува настанувањето на слободните радикали и на тој начин и смртта на клетките. Различни врсти на кафе содржат од 5 до 10% полифенол. Дневно пиење на кафе овозможува постојан внес на потребните антиоксидански во организмот, кои имаат заштитна улога во клеточниот метаболизам. Полифенолите се многу јаки антиоксиданси и помагаат и во борбата против ракот.

Токму поради големото количество на антиоксиданси во кафето, постојат многу студии кои го испитувале неговиот ефект врз намалувањето на ризикот од рак.

Повеќе студии го докажале неговото заштитно дејство против ракот.

Најновото истражување на научниците од „University of Utah“ ги анализирало податоците од 9 претходни студии. Резултатите од ова истражување покажале дека кафето помага во намалувањето на ризикот од рак на глава и врат. Така, лицата кои редовното пијат 4 или повеќе шољи кафе дневно имат за 34% помал ризик да заболат од рак на глава и врат во споредба со оние лица кои не пијат или малку пијат кафе.

Истражувачите нагласуваат дека нивната студија е многу голема, со оглед на тоа што ги анализирала податоците од претходните 9 студии.

„Станува збор за важно откритие, имајќи ја предвид популарноста на кафето и зачестеноста на овој тип на рак“, изјавил водачот на истрашувањето Dr. Mia Hashibe, професор на „University of Utah“.

Резултатите од оваа студија биле објавени во научниот часопис „Cancer Epidemiology, Biomarkers $amp; Prevention“.

Друга студија, која била презентирана на конференцијата на „American Association for Cancer Research“ во Хјустон, покажала дека мажите кои пијат големи количини на кафе имаат дури 60% помал ризик за развој на агресивни тумори на простата, во споредба со мажите кои не пијат кафе.

Научниците велат дека сеуште е многу рано за да го препорачуваат пиењето на кафе како можна превенција за рак на простата, за рак на глава и врат или за друг вид на рак, но резултатите се сепак охрабрувачки. Тие во моментов не се сигурни кои состојки на кафето имаат позитивно заштитно дејство.

 

Најчитани наслови