• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Новости од областа на канцерот
Шведските научници развиле експерименталната вакцина која ја намалува атеросклерозата

Шведските научници развиле експерименталната вакцина, која делува така што ја спречува прекумерната реакција на телото на големите количини на холестерол во крвта.

Токму ваквата бурна реакција на организмот води до воспаление во обвивката на крвните садови, а тогаш се создаваат запушувања, кои можат да предизвикаат срцева болест. Новата ваквина ги блокира Т клетките - специјализирани имунолошки клетки кои се ослободуваат кога телото е во опасност и се природен систем на одбрана кој не штити од воспаленија предизвикани од бактерии и вируси.

Одредена колична на холестерол му е потребна на организмот за да може нормално да функционира. Кај здравите лица, црниот дроб создава оптимална количина на холестерол, но нездравиот начин на живот може да ја покачи концентрацијата на „лошиот холестерол“ (LDL) и да ја намали концентрацијата на „добриот холестерол“ (HDL) во крвта. Исхраната богата со животински масти, физичката неактивност и пушењето се фактори на ризик за кардиоваскуларните заболувања, но физичките промени во внатрешноста на самите крвни садови (атеросклероза) ќе доведе до срцев удар.

Целиот прекумерен LDL циркулира во телото преку крвата и се лепи на слузницата ка крвните садови , созадвајки„плаки“ од масти. Кога овие плаки ќе се распрснат, се ствара тромб, кој може во целост да ја запуши артеријата и да ја прекине циркулацијата на крвта во тој дел кој таа артерија го снабдува со крв.

Кога имунолошкиот систем го утврди присуството на т.н. „лош холестерол“ (LDL), Т-клетки се упатуваат до плаките на крвните садови и се лепат за нив. Во својот напор да ги одстранат масните наслаги, Т клетките предизвикуваат оток на слузницата на крвните садови, односно предизвикуваат еден вид на одбрамбена воспалителна реакција, а тоа доведува до поголеми шанси за смртоносно запушување на крвниот ссад, кој може да го прекине протокот на крвта до срцето или мозокот.

Како решение, истражувачите од „Karolinska University“ предлагаат вакцина која го прекинува воспалението, со што може да заштити од појава на тромд и срцев или мозочен удар.

Мета на вакцината е одреден рецептор кој се наоѓа на површината на клетките на LDL, кој е воедно и мета на Т клетките.

Ако овој рецептор се блокира, вакцината ќе ги запре Т клетките во нивниот напор на изнаоѓање на метите. Воспалениеето и оштетените артерии на тој начин ќе бидат значително намалени. Експертите тврдат дека атеросклерозата со примената на оваа вакцина била намалена за 65%.

Вакцината се испитува на лабораториски глувци, а ако идните тестирања на луѓето се покажат успешни, вакцината би можела да им биде достапна за пациентите после 3 до 5 години.

 

Најчитани наслови