• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Фентанил - полусинтетски опиоид во вид на кожна лепенка за лекување на јака хронична канцерска болка Печати

Фентанил е полусинтетски опиоид кој е 100 пати попотентен од морфинот. Фентанил, кој е во форма на кожна лепенка (фластер) подеднакво и континуирано се ослободува од фластерот. Серумската концентрација постепено расте по апликацијата на фластерот и достигнува врв по 24 часа.

Дозата се одредува врз база на дозата на оралниот морфин, кој бил применуван во претходните 2 часа. Почетната доза е 25 микрограми/час. Максималниот ефект се јавува дури по 24 часа, бидејќи е потребна апсорпција на одредена количина на лекот во кожата и поткожното ткиво. Во тој период, болниот може да чувствува болка, па затоа е потребно да се дава и друг аналгетик. Тераписките концентрации се задржуваат во крвта и по 71 часа, па дури по 72 часа може да се примени нов фентанилен фластер.

Новата технологија овозможи да се применува опиоиден аналгетик во форма на фластер, кој е многу погоден за пациентите. Тој делува преку кожата и поради таквиот начин на негово делување има бројни предности во споредба со другите форми. Најважна предност е секако таа што со овој начин на давање не се оптеретува системот за варење.

Трансдермалниот фентанил систем се состои од активна суипстанција, односно од лекот-фентанил, од пропустлива мембрана преку која лекот се ресорбира (продира) низ кожата, како и од леплив слој со помош на кој фластерот се залепува на кожата.

Активната супстанција - фентанил се ослободува со еднаква брзина, а тераписката концентрација, односно деговото делување започнува по 12 часа од неговата примена. Поради тоа, во текот на првите 12 часа по ставањето на фластерот, треба да се продолжи со давање на аналгетикот, кој до тогаш се користел за намалување на болката, за да не дојде до уште поголемо засилување на болката. При тоа е потребно точно да се пресмета дозата на фентанилот според дозата на претходно применуваниот опиоден аналгетик.

Ако претходно не бил применуван опиоиден аналгетик, примената на фентанилот започнува со давање на најниска доза, а тоа е 25 микрограма на фентанил. Бидејќи во почетокот на примената се очекуваат и несакани ефекти (вртоглавица, зашеметеност, мачнина), потебно е да се применуват и лекови за ублажување на овие симптоми.

Еден фентилен фластер овозможува постојана конценрација на активната супстанција во крвта, а на тој начин се овозможува и еднакво аналгетско дејство во тек на 72 часа, односно 3 дена, после што се става нов фентанилен фластер.

Фентанилот е еден од најјаките опиоидни аналгетици и наркотици кои денес се достапни на пазарот. Имено, тој е 100 пати појак и попотентен од морфинот, делува воглавно преку „ми“ рецепторите, додека пак траењето на неговото дејство е многу кратко, само 30 минути. Дозите кои се применуваат се многу мали.

Поради овие негови карактеристики, фентанилот денес се употребува во форма на трансдермален фластер. Преку фластерот, фентанилот еднакво и со постојана брзина се апсорбира преку кожата, така да не е потребно често дозирање, бидејќи фластерот делува континуирано во тек на 3 дена. Дневно пациентот прима доза која индивидуално се одредува според јачината на болката.. Достапни се фентанил фластери си дози од 25, 50, 75 и 100 микрограни кои се осободуваат на час.

Фентанилот во форма на фластер се користи во терапијата на хроничната канцерска болка. Особено е погоден за пациенти кои неможат да примаат лек преку уста или кај кои постојат други пореметувања во системот на варење.