• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Пентазоцин - агонист-антагонист на опиоидните рецептори Печати

Пентазоцинот е синтетски опиоиден наркоаналгетик од групата на агонисти-антагонисти на опиоидните рецептори.

Пентазоцинот поинаку се врзува за опиоидните рецептори од морфинот. Тој се врзува за „капа“ и „делта“ рецепторите и ги стимулира, додека „ми“ рецепторите ги блокира, врзувајки се за нив.

Затоа пентазоцинот е парцијален агонист-антагонист. Затоа тој и поретко предизвикува зависност од морфинот. Аналгетскиот ефект на 30 до 60 мг пентазин даден, парентерално (интрамускулно или поткожно) одговара приближно на ефектот на 10 мг морфин. Се користи во терапијата на умерена и јака болка. Регистриран лек е Фортрал.