• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Општи принципи во лекувањето на канцерската болка Печати

Болката е често присутен симптом кај пациентите со локално напреднат и метастатски карцином. Таа може да биде благо изразена, но во некој случаи и многу интензивна и видно да го нарушува квалитетот на животот на пациентот. Затоа, терапијата на канцерската болка завзема важно место во третманското водење на пациентите со малигни заболувања.

Во терапијата на хроничната болка, малигната болка како еден од нејзините облици завзема важно место. Правилниот пристап во лекувањето на канцерската болка мора да ги опфати основните принципи (начела) на палијативната медицина, а тоа се: брзо и ефикасно отстранување на болката, како и нејзино планско лекување.

Уште во 1992 год. СЗО го издава тростепениот алгоритам за лекување на канцерската болка.Основна цел е да се постигне максимален аналгетски ефект со минимални несакани ефекти.

Аналгетска скала на СЗО т.н. „Three steps model“ се залага за следното:

  • Прва скала – започнува со давање на антиинфламаторни аналгетици и аналгетици-антипиретици (НСАИЛ; парацетамол). Во оваа прва скала се даваат: парацетамол, метамизол, НСАИЛ со или без адјувантни лекови.
  • Во втората скала се даваат слаби опиоиди (или мали дози на јаки опиоиоди) со лекови од првата скала. Тука спаѓаат кодеин,морфин 10мгр,трамадол со или без давање на неопиоидни (парацетамол) и адјувантни лекови.
  • Во третата скала: се даваат јаки опиоиди со лекови од првата скала. Тоа се: морфин, метадон, во комбинација или без неопиоидните и адјувантни лекови.