• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Може ли лососот да ја заштити вашата кожа? Печати

Ако летниот одмор го поминувате „впивајќи“ го сонцето, најдобра заштита, (после кремите со заштитен фактор), би можела да биде храната на вашата трпеза. Здравите омега 3-масни киселини во масните риби можат да го зајакнат заштитниот слој на кожата кој не штити од штетното УВ зрачење.

Ова го покажале и резултатите од истражувањето во кое биле вклучени повеќе од 1.100 Австаријанци. Научниците ги проучувале нивните прехрамбени навики во тек на 5 години. Испитаниците, кои секоја недела јаделе повеќе од 140 грама риба богата со омега-3 масни киселини, како што се лососот и тунатаго намалиле својот ризик за развој на преканцерозни оштетувања на кожата за скоро 30%.

Актинската кератоза е чест знак за хронично оштетување на кожата поради прекумерното изложување на сонце. Овие преканцерозни лезии може, ако не време не се лекуваат, да се развијат во рак на кожата.

Научниците веруваат дека омега-3 масните киселини се однесуваат се однесуваат како штит, кој ги чува клетките од оштетувања предизвикани од слободните радикали. Затоа, кога летово ќе одите на плажа на заборавајте да си понесете средство со висок фатор на заштита (најмалку 30), капа или шешир со широк обод, квалитени наочари кои апсорбираат 99% до 100% од УВ зраци, лесна летна облека од природни материјали и резервација во некој ресторан кој служи морски плодови.

Еве уште некои откритија како храната може да ја одржи здравата кожа

  • Истражувачите велат дека консумацијата на храна богата со витамин Ц (лимон, портокал, јагода, пиперка, домат...) помагаат да кожата долго време остане млада и еластична, цврста и оторна на оштетувања.
    Едно од позначајните дерматолошки откритија е откритието за способноста на витаминот Ц да се „спротивстави“ на негативните последици настанати при изложувањето на сончевите зраци. Делува на тој начин што ја намалува штетата предизвикана од страна на слободните радикали, споеви кои што настануваат под влијание на надворешни чинители како загадувањето, пушењето, сончевото зрачење, но и како производ на реакциите кои се одвиваат во нашиот организам.
    Натрупаните слободни радикали предизвикуваат значителна штета на ткивата и речиси ги „голтаат“ колагенот и еластинот, градбени компоненти на кожата, предизвикувајќи, за почеток, создавање бори на кожата. Витаминот Ц, како моќен антиоксиданс ги неутрализира слободните радикали и на тој начин спречува да дојде до оштетување на кожата. Освен превенција од оштетување, витаминот Ц игра важна улога и во регенерација на веќе оштетената кожа.
    Според Американското дерматолошко друштво, дневна количина на витаминот Ц од 500 - 1000 mg, може да биде од голема корист за одржување на здрава кожа. Синтезата на колагенот можно е да се поттикне и со нанесување на креми кои содржат витамин Ц, и тоа во форма на Л-аскорбинска киселина, бидејќи единствено во таа форма витаминот Ц може да продре низ слоевите на кожата и заштитно да делува.
  • Студијата во која учествувале 177 мажи и жени открила дека лицата кои консумираат храна богата со маслиново масло, овошје и мешункаст зеленчук (грав, грашок, боранија...) имаат помалку бори од лицата кои консумираат полномасни млечни производи и црвено месо.
    Маслиновото масло има многу корисни и лековити состојки, како полифенолите, кои се јаки антиоксиданси и ги уништуваат слободните радикали, поради што не се добри само за здравјето на кожата туку и на целиот организам.
  • Германските научници докажале дека консумирањето на сос од патлиџан, кој е богат со антиоксидансот ликопен ги намалува сончевите изгоретини за 40%. Научниците за таа цел на прпорачуваат терапијата 2 и пол лажици днево во тек на 10 дена.
  • Научниците тврдат дека бета каротинот може да го сочува младешкиот изглед на кожата, уништувајќи ги слободните радикали кои допринесуваат за старењето на кожата. Бета каротинот е еден од најпознатите антиоксиданси и исклучиво се наоѓа во растенијата. Тој се нарекува и „природен чадор за сонце“, бидејќи ја штити кожата од штетните ултравиолетови зраци, намалувајќи ја активноста на слободните радикали, кои настануваат поради емисијата на УВ зраци т.е. при сончањето.

Резултатите од голем број студии покажале дека бета каротинот заштитува од акутни и хронични кожни оштетувања, предизвикани од изложеност на сонце. Според некој истражувања, бета каротинот го намалува оштетувањето на ДНК молекулите, па на тој начин го спречува и развојот на дегенеративните болести.

Без оглед на тоа што за механизмот на неговото делување сеуште се расправа, бета каротенот е суплемент, кој се пепорачува да се внесува во организмот, пред да се тој изложи на сонце или на други извори на УВ зрачење.

Бета-каротинот ја штити кожата од штетниот спектар на УВ зрачењето, па освен во кремите за сончање, се препорачува да се внесува повеќе и со исхраната, посебно неколку недели пред поинтензивно изложување на сонце.

Бета каротинот е широко распространет растителен пигмент кој се наоѓа во овошјето и зеленчукот со сите нијанси на жолта и портокалова, па сé до темно зелена боја (морков, диња, крушка, јаболко, спанаќ). Кога се препорачува консумирање на „обоено“ овошје и зеленчук, се мисли, всушност на бета каротинот.