• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Новости од областа на канцерот
Рестрикција на калориите - неинвазивна терапија за малигниот тумор на мозокот?

Истражувачите од „Boston College“ откриле дека намалениот внес на калории може да го ограничи растот и ширењето на ракот на мозокот.

Dr. Laura M Shelton изјавила дека со својот тим на истражувачи постигнала успех проучувајќи ги глувците заболени од glioblastoma multiforme, најагресивен и најинвазивен примарен тумор на мозокот.

Ограничениот внес на калории го намалува нивото на гликоза во крвта и ја намалува енергијата на јагленохидратите достапни на туморските клетки, на кои им е неопходна гликозата за раст. Нормалните клетки на мозокот можат да ги корисат за енергија кетонските тела – ацетон, ацетацетатска киселина и бета хидроксибутуратната киселина.

Истражувачите порачувааат дека нивното откритие покажува дека клетките на туморот се почувствителни на енергетскиот стрес отколку здравите клетки на мозокот.

Научниците на крајот заклучиле дека исхраната со помалку гликоза, а со зголемени кетони може да има терапевтски ефект на инвазивниот тумор на мозокот.

Резултатите од истражувањето се објавени во научниот часопис „ASN NEURO“.

Glioblastoma multiforme е начест од сите видови на глиоми. Ретко се јавува пред триесет годинишна возраст. Ова е најмалиген мозочен тумор, кој учествува со 50 % од сите невроектодермални тумори на мозокот или 20 % од сите мозочни тумори.

Glioblastoma multiforme има агресивен раст и брзо доведува до зафаќање на голем дел од мозочните структури. Тој е изразито деструктивен тумор. Локализиран е во хемисферите на големиот мозок, во неговата бела супстанција и базалните ганглии, обично сместен фронтално и темпорално. Често симетрично ги зафаќа двете мозочни хемисфери и на пресек наликува на пеперутка.

Двапати се почести кај мажите над 45 години, односно 50 до 65 години.

 

Најчитани наслови