• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Новости од областа на канцерот
Абортусот за повеќе од три пати го зголемува ризикот од рак на дојка

Жените кои абортирале имаат повеќе од три пати поголем ризик за развој на рак на дојка во споредба со оние жени кои не абортирале. Ова го покажале резултатите од најновото истражување спроведено во Шри Ланка.

Студијата открила дека жените кои абортирале имаат 3,42 пати поголем ризик за развој на рак на дојка во споредба со оние жени кој ја одржале бременоста и родиле.

Абортусот бил најзначаен фактор во студијата за ризикот од рак на дојка, а научниците утврдиле значително намалување на ризикот кај жените кои долго време ги доеле своите новороденчиња.

Студијата ја воделе Dr. Malintha De Silva и неговите колеги од „University of Colombo“.

Ова истражување е четврто епидемиолошко истражување во 14 месеци, кое открило поврзаност помеѓу абортусот и ракот на дојката, вклучувајќи ги студиите од САД, Велика Британија и Турција.

Во студијата, научниците откриле дека раѓањето на детето и доењето во период од 12 и 23 месеци резултира со намален ризик од рак на дојка за 66.3% во споредба со жените кои никогаш не доеле или доеле од 1 до 11 месеци.

Ризикот од рак на дојка бил намален дури за 87,4% кај групата жени кои доеле од 24 до 35 месеци, и за 94% за групата жени кои доеле од 36 до 47 месеци.

„Очигледно жените кои аборираат го губат заштитниот ефект на доењето“, изјавила Dr. Karen Malec, председателката на Коалицијата за абортус и рак на дојка, група која ги едуцира жените за ризикот од рак на дојка кој го дава абортусот.

Написот за новото истражување е со наслов: „Prolonged breastfeeding reduces risk of breast cancer in Sri Lankan women: A case-control study“.

 

Најчитани наслови