• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Хесперидин - биофлавонид со антиканцерогени својства

Хесперидинот се вбројува во групата биофавониди, кои природно се наоѓаат во овошјето и зеленчукот. Агрумите се богат природен извор на хесперидин, особено портокалот и мандарината.

Бројните истражувања докажале дека хесперидинот и другите биофлавониди се ефикасни во превенцијата и лекувањето на неколку видови на малигни заболувања. Особено е докажана нивната ефикасност кај ракот на грлото, ракот на простатата и меланомот, најопасната форма на кожен карцином.

Постојат докази дека витаминот Ц, кој, исто така, е моќен антиоксиданс, подобро се апсорбира во присуство на овие биофлавониди. Биофлавонидите и витаминот Ц, учествувајќи во градбата на сврзното ткиво, ги јакнат капиларите и штитат од поткожни крварења.

Научниците истакнуваат дека ако капиларите се еластични, полесно ќе ги поднесеме стресните ситуации. Не смееме да заборавиме дека стресот, стравот, тагата и другите јаки емоции, делуваат на тонусот на крвните садови, односно ги стеснуваат, што може во некои случаи да заврши фатално. Ова стеснување на крвните садови може да доведе до срцев или мозочен удар.

 

Прочитајте и: