• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Црниот ориз богат со антиоксиданси

Познато е дека боровинките и капинките содржат големи концентрации на антиоксиданси, кои му помагаат на телото да се ослободи од потенцијално опасната клеточна оксидација. Но, според мислењето на научниците, ефтин извор на антиоксиданси е и црниот ориз.

Црниот ориз е специјален вид на ориз со црна боја, кој во Кина се одгледува со векови. Црниот ориз се нарекува и „забранет ориз“, бидејќи во Кина, сè до 19-от век, се конзумирал само на Царскиот двор, и се користел и како афродизијак.

Црниот ориз содржи малку шеќер, а изобилува со растителни влакна, кои штитат од рак и кардиоваскуларни болести. Научниците од Универзитетот во Луизијана го испитувале црниот ориз, одгледуван во САД. Тие откриле дека оваа врста на ориз изобилува со антиоксидансот антоцианин, кој ја дава и црната боја на оризот.

Една лажица црн ориз содржи повеќе антоцианин отколку една лажица боровинки, а содржи и повеќе растителни влакна и витамин Е, кој е, исто така, моќен антиоксиданс.

Научниците истакнале дека црниот ориз е многу покорисен од кафениот ориз, за кој се знае дека е подобар извор на растителни влакна отколку белиот ориз, и дека со негова редовна консумација се намалува ризикот од развој на срцеви заболувања. Докажано е дека кафениот ориз го намалува ризикот за висок холестерол во крвта.

Кафениот ориз во себе содржи многу корисни состојки, кои го чуваат срцето. При преработката на белиот ориз овие корисни состојки исчезнуваат.

 

Прочитајте и: